Sunday, April 1, 2012

01.04.2012

Резиме на вчерашниот ден :

Шарапова - Радванска FT 0:2     Шарапова 1 @ 1.70 4/10  губиток :  - 4 units

Галатасарај - Орду  FT  2:0   Галатасарај -1,5 @ 1.82  4/10  профит :  + 3,28 units

Катаниа - Милан  FT 1:1  0-2 @ 1.75  4/10  профит : + 3 units

вкупен профит : + 2,28 units

1ви Април Ден на Шегата ,ама со коцката нема шега , па идеме сериозно.


Германија Bundesliga

Хофенхаим - Шалке

Хофенхаим ко по праволо секогаш паѓа во вториот дел од сезоната. Овој клуб имаше големи внатрешни проблеми кои сега делуваат ко да се смирени , огромно конфликти на релација менаџер-играчи , a после дебакалот кои го преживеа во Минхен ( 7:1 пораз ) , ја победија Борусија Менхенгладбах во гости , екипа која до тој меч немаше пораз дома. Значи тотално непредвидлива екипа се Хофенхаим. Предвидливо кај нив е тоа што дават и примат голови, така на последните 10 натпревари во Бундес , 9 им беа ГГ. На домашен терен имат 7 нерешени во серија , а на последните 8 средби немат победа дома. Една од причините за лошата форма на Хофе е и фактот дека нападот им е стерилен , Лакич сеуште нема дадено гол , додека Бабел не е постигнал гол на последните 20 средби за Хофе. Но затоа е тука средниот ред да ги вади.
Шалке слично ко Хофе , имат огромна офанзивна моќ , но одбраната им е ко првоаприлска шега.
Тоа се виде многу добро против Билбао каде иако двапати имаа водство ( 1:0 и 2:1 ) Шалке го претрпеа првиот пораз дома во Европа сезонава , губејќи 2:4. Сега им се потребни 3 гола без да примат ниеден во Баскија , нешто што може да се окарактеризира ко mission impossible , така да очекувам Шалке да се фокусира на домашното првенство каде се во битка за 3-тата позиција.
Двата тима ќе излезат со овие состави :

Hoffenheim: Starke - Beck, Vorsah, Vestergaard, Johnson - Weis, Rudy - Vukcevic, Roberto Firmino, Salihovic - Babel

Schalke: Schober - Uchida, Papadopoulos, Matip, Fuchs - J. Jones, Holtby - Farfan, Raul, Draxler, Huntelaar

И очекувам да видам доста голови , слично ко првата средба оваа сезона , 3:1 победа на Шалке во Гелзенкирхен.

тип :  3+ @ 1.85    влог :  4/10     тип :  ГГ3+ @ 2.20    влог  :  3/10


АТP  Masters Miami

Џокович - Мареј

Ќе бидам краток тука. Џоле делува многу подобро од Мареј моментално и има екстра мотив за одмазда на поразот во финалето од Дубаи. Прилично добро игра на овој турнир и мислам дека ќе го одбрани ланскиот наслов.
Мареј очекував да падне во полуфиналето , но Надал се повлече поради повреда на колено ,па Мареј се најде во финалето без борба. Исто Мареј се жалеше на проблеми со дигестивниот систем ( ваљда последица на труењето со храна пред 2 недели во Индиан Велс ). Сепак Мареј не е тенисер кој би можеле лесно да го потцените , не е за џабе 4-ти најдобар тенисер на планетата.
Како и да е Џоле е најдобриот ретрнер на турата , Мареј има проблеми со желудникот , екстра мотивација за Србинот е одмазда на поразот од Дубаи и големиот награден фонд од Мајами.Одам со победа на Новак со 4 гејма разлика , 7:5 6:4 реалистичен резултат според мене.

тип :  Џокович -3,5 @ 2.00   влог :  4/10


NBA

Орландо - Денвер

Денвер на последните 16 гостувања во Флорида има претрпено 15 порази.
И двете екипи сеуште има зашо да играт.
Орландо гони позиција која ќе му донесе home ice advantage ,додека Денвер се бори да остане во трката за плејоф , моментално се 7-ми , но на Западот е многу густо , па разликата со Јута ( 9-то пласирани ) е само 2 бода.
И двете екипи играт многу променливо, Орландо посебно оваа сезона бутна неколку негативни рекорди , додека Денвер иако имат многу силна офанзива , многу страдат од фактот дека немат дефанзива.
Нема да комлицирам , и одам со чиста победа на Орландо , не фаќам хендикепи.

тип :  Орландо 1 @ 1.40   комбо тикет


NBA

Бостон - Мајами

Уфф , ова ќе биде многу добар меч.
Бостон влегоа во форма иако играт без Реј Ален. Гарнет и Пирс газат се пред себе,играт со огромна мотивација , посебно Гарнет кој е постојано етикиран ко стар играч , но тоа повеќе го мотивира. Бостон се 8-2 на последните 10 во НБА , моментално се 6-ти и ја гонат 4-тата позиција во Истокот.
Мајами од друга страна се зацементирани на втората позиција , 10 бода пред Орландо и 10 бода за Чикаго , така да најверојатно сезоната ќе ја завршат на второ место. На последните 5 гостувања претрпеа 4 порази , сите 4 беа од екипи кои ќе играт плејоф ( Орландо , Индијана , Оклахома и Чикаго ) а победија само во Торонто каде допуштија Торонто да им даде 101 поен.
Сега гостуваат кај Бостон , екипа со 3-тата најдобра одбрана во лигата.
Мајами има проблеми кога гостува во Бостон , на последните 8 гостувања има само 1 победа која дојде во продолжетоци ( лани во плејофот ).
Очекувам тврд , тесен натпревар.

тип :  Бостон  +3,5 @ 1.90   влог :  3/10

GL !!

No comments:

Post a Comment