Резиме на вчерашниот ден :
Надал - Мареј , Надал го предаде мечот , коеф 1.00
Манхеим - Хамбург , Манхеим 1 @ 1.65 4/10 FT 3:1 профит : +2,6 units
Мец - Булоњ , Мец 1 @ 2.20 3/10 FT 1:0 профит : + 3,6 units
Бафало - Питсбург , Бафало 1x @ 1.61 4/10 FT 3:5 губиток : - 4 units
вкупен профит : + 2,6 units
WTA Masters Miami
Шарапова - Радванска
Финале. И тоа многу интересно финале. Со оглед на тоа дека Азеренка испада од дебелката Бартоли , сега е полесно и на двете тенисерки на кои Азеренка оваа сезона им беше ноќна мора.
Шарапова игра агресивен тенис , прилично добар тенис , одличен форхенд , мали проблеми има со сервисот , огромна мотивација и мислам дека моментално е во најдобрата форма во последните 3 години и оваа сезона е 18-3 , од кои 16-2 на тврда подлога.
Радванска е прилично интересна тенисерка , има одличен ретрн , одличен осет за тенис и снаоѓање на теренот , единтвен проблем и е менталниот . лесно крахира доколку се уплаши од противникот , многу јасен доказ за тоа е фактот дека оваа сезона загуби само на 4 меча и сите 4 беа од Азеренка , тенисерка од која може да се каже дека има тениски комплекс.
Шарапова е втора во светот и тоа заслужено , истото важи и за Радванска која е 4-та на светската ранг листа. Во меѓусебните дуели води Шарапова го огромна предност 7-1 и има серија од 6 победи против Радванска , 5 од тие победи беа на трвда подлога.
Очекувам интересен дуел , тесен меч , можно е 3 сета.
Тип : Шарапова @ 1.70 влог : 4/10
Турција Суперлига
Галатасарај - Ордуспор
Гостите ќе бидат без двојца многу важни играчи , Кулио и Станку кои заедно имат постигнато 15 од вкупните 28 гола за Орду. Галата гони победа со цел да има поголема предност во трката за титулата и овој меч им доаѓа ко кец на десетка. Немат проблеми со составот , атмосферата е добра , подржката е добра и мислам дека тука ќеги потопат Орду.Одам со победа на Галата од 2 и повеќе гола.
тип : Галатасарај -1,5 @ 1.82 влог : 4/10
Италија Сериа А
Катанија - Милан
Морам да кажам дека ми се допаѓа начинот на кој Катанија игра футбал , играт паметно стрпеливо , чекат грешки на противникот , знаат добро да нападнат , заслужено им е местото на табелата , но не верувам дека ќе гонат позиција која води во Европа. Дома се прилично цврста екипа , фактот дека примаа 9 гола на само 14 меча на домашен терен , а загубија само 2 од тие 14 меча , доволно говори сам за себе.Имат неколку играци во аут , но не се многу значајни.
Милан од друга страна играше многу тешок меч со Барселона во средата , а ги чека реванш следната недела во Барселона и влогот е огромен ( пласман во полуфинале на ЛШ ). Имат доста повредени играчи , најверојанто ќе бидат заморени и посконцентрирани на мечот со Барса со оглед на тоа дека им бегат на Јуве 4 бода во трката за титулата во Италија.
Од кога Катанија се врати во Сериа А , сите мечеви одиграни на свој терен против Милан ги одиграле тврдо и сите биле 0-2 гола ( 6/6 ) , Милан има 3 победи во серија со индентичен резултат 0:2 на Сицилија.
Очекувам уште еден тешокмеч , Катанија традиционално има добра одбрана дома , одлична пеколна атмосфера , Милан е заморен од мечот со Барса и на ум им е реваншот , така да мислам дека и двете екипи ќе бидат задоволни со нерешено , 1:1 најреалистичен исход.
тип : 0-2 @ 1.75 влог : 4/10
GL !!
No comments:
Post a Comment