Wednesday, April 4, 2012

04.04.2012

Добар ден вчера , 2/3 синглови беа добитни и најважно имаме профит.

Резиме на вчерашниот ден :

Осијек - Цибалија  FT 3:0 , Осијек 1 @ 2.20   3/10  профит :  + 3,6 units

Динамо Москва - СКА  FT 6:1 , Динамо М. азиски хенд 0 @ 2.06  3/10  профит :  +  3,18 units

Далас - Сан Хозе FT  2:5 , Далас 1 @  2.20   2/10   губиток :  -  2 units


Идеме со денешниот ден.

Champions League North America

Santos Laguna - FC Toronto

Втор натпревар од полуфиналниот дуел помеѓу Сантос Лагуна кои доаѓаа од Мексико и Торонто кои доаѓаат од Канада. првио меч заврши со 1:1 , меѓутоа голем дел од наптреварот Сантос го одигра со играч помалку , иако поведоа а голот го примија при крајот на мечот.
Сантос во ова натпреварување има одличен скор на домашен терен, групата ја завшрија со 3 победи од 3 меча дома ( 3:2 Реал Еспана , 6:0 Метапан , 2:0 Колорадо ) , а во 1/4 финалето ги елиминираа Сиетл со 6:1. ЛШ имат 8 победи и само 1 пораз на домашен терен во последните 9 натпревари , додека во мексиканската Примера моментално се први на табелата , без пораз на домашен терен и со серија од 5 победи. Моментално играт во голема форма.
Торонто пак доаѓа од послабата МЛС лига и лично ме чуди како се довлечкаа до полуфиналето, посебно ако се знае дека во 1/4 финалето играа против ЛАи ги елиминираа на гостински терен.
За денес ќе бидат без двојцата најискусни играчи во тимот , а на единственото гостување во Мексико оваа сезона загубија со 4:0 од Пумас.
Ги очекува пеколна атмосфера и моментално најдобрата екипа од Мексико , и мислам дека Торонто овде ќе го заврши своето натпреварување. Одам со победа на Сантос со 2 и повеќе гола разлика.

Тип :  Сантос Лагуна  -1,5 @ 1.97    влог :  3/10

Чешка А1 кошаркарска лига

Дечин - Простерјов

Многу едноставно , не гледам зошто екипа која минатото коло даде вкупно 28 поена на цел натпревар ! , да биде фаворит со -4,5 хендикеп поени , против второпласираната екипа во лигата. Едноставно хендикепот за мене нема смисла. Точно дека Простерјов загубија минатото коло од најслабата екипа во лигата која дотогаш немаше победа со  1 поена разлика , но предходно го надиграа Нимбург која е најсилната екипа во лигата.
Одам со хендикеп на Простерјов , не гледам зошто Дечин после толку катосрофален меч каде за 3/4 дадоа само 15 коша !! , би биле фаворити против втората најдобра екипа во Чешка. Простерјов има 10 победи на последните 11 средби со Дечин. Коеф и хендикепот според мене немат логика.

Тип :  Простерјов + 4,5 @ 1.85    влог :  4/10

Данска Премиер лига

Алборг - Мидтјиланд

Не ми се допаѓа оваа лига , но ми се допаѓа коеф кој е понуден за DNB ( Draw No Bet ) на гостите.
Прво за домашните : Денес ќе бидат без Рофл ( напаѓач , втор стрелец на тимот ) и без Петерсен ( страндарден дефанзивец ) , а уште тројца првотимци им се неизвесни. Млад тим , мал ростер и мислам дека овие изостаноци че влијаат врз тимот. На последните 5 дома имат само една победа со 1:0 и тоа гол даден од еден од играчите кои најверојатно нема да настапи денес.
Митдијиланд нема проблеми со повреди , но нема некоја посебна форма , али сепак успеада се врати непоразен од Копенхаген без да прими гол. Мислам дека тука добра опција би било и 0-2 гола , не верувам дека ќе видиме некој офанзивен футбал , но сепак ќе одам со DNB на гостите.

Тип :  Мидтијиланд DNB @ 1.77   влог :  4/10

NBA

Boston - San Antonio

Иако гостите од Тексас ги сметам за 4-ти фаворити за прстен ( зад Оклахома , Мајами и Чикаго ) , сепак ќеодиграм против нив. Ми се допаѓа моментумот кој Бостон го насобра , 5 победи во серија , 7-3 на последните 10 и тоа без Реј Ален. Бостон ја гони Индијана која му бега за 4 бода и го гони 4-тото место кое носи home court advantage. Реј Ален се враќа во тимот за вечерашниот меч , Пирс и гарнет играт во одлична форма , и наликуваат на стариот Бостон од пред 2-3 години.
Сан Антонио врза 8 победи во серија и е 9-1 на последните 10 , но сега гостуваат кај екипа против која имат 2-6 на последните 8 средби. Сан Антонио се без повреди и суспензии , двете екипи се со целосен ростер. Очекувам овде да прекине серијата на Спарси.

Тип :  Бостон +1,5 @ 1.90    влог :  4/10

GL !!

No comments:

Post a Comment