Просечен ден вчера , Шалке само 1:1 ..
Резиме на вчерашниот ден :
Хофенхаим - Шалке FT 1:1 3+ @ 1.85 4/10 губиток : -4 units ; ГГ3+ @ 2.20 3/10 губиток : - 3 units
Џокович - Мареј 6:1 7:6 , Џокович -3,5 @ 2.00 4/10 профит : + 4 units
Бостон - Мајами FT 91:72 , Бостон +3,5 @ 1.90 3/10 профит : +2.7 units
Вкупна загуба : - 0,3 units
Идеме понеделнички :
NHL
LA Kings - Edmonton Oilers
Последна недела од регуларната сезона во NHL и последни битки за место во плејофот.
ЛА се моментално 7ми во Западот , но во плејоф трката се 3-ти бидејќи се лидери во Пацификот , но Феникс им дише во врат , и двете екипи имат по 91 бод.
Бодовите на ЛА му се потребни , прво за да го избегне 7мото место кое ќе му донесе потешок противник и ќе ја загуби предноста на домашен терен што ја носи 3-тата позиција. Со оглед на тоа дека им остануваат уште 3 натпревари до крајот на сезоната , а ова им е предпоследен меч на домашен терен. Нема проблеми со повреди ко што имаа порано во сезоната и се во добра форма , 7-3 на последните 10 , а а последните 5 натпревари дома имат 4 победи и тоа против силни екипи. Против Едмонтон играа во Канада пред 3 дена , победа за ЛА со 1:4.
Едмонтон се втора најслаба екипа на Западот , немат никакви шанси за плејоф и моментално играт спојлер улога во трката за плејоф. Не се во лоша форма , 6-4 на последните 10. Немат некоја посебна мотивација на овој меч , и имат неколку дефанзивци вон игра поради повреда.
Тип : ЛА @ 1.70 влог : 3/10
NBA
Dallas Mavs - LA Clippers
Дуел меѓу две екипи кои доколку сезоната би завршила денес , би играле меѓусебе во плејофот.
Клиперси се 4-то пласирани со само 2 бода предност пред Далас кои се 5-ти. Ова е воедно и битка за 4-тата позиција која носи предност на домашен терен.
И двете екипи се со индентична форма во последните 10 , 7-3. Клиперси врзаа 5 победи на домашен терен кои следеа после 3 порази во серија каде Клиперс покажаа многу лоша игра. Сега делуваат многу подобро.
Далас исто така игра доста променливо, доста борбена екипа , но многу често знаат да губатсо 15-20 разлика , па да се враќат и на крај да победуваат. И двете екипи имат солидна дефанзива ,и со дефанзивни екипи играт со помалце од 100 поена , најчесто околу 90.
Тука одам со победа на Далас, бидејќи сметам дека имат прeдност на домашен терен посебно поради фактот дека Клиперси се мачат на гостувањата ( 5 порази на последните 7 гостувања ).
Тип : Далас @ 1.65 влог : 4/10
Italy Seria B
Reggina - Brescia
Дуел меѓу две екипи кои го гонат 6-тото место на табелата и учество во плејофот.
Реџина се 9-ти и заостануваат 3 бода зад Бреша и со победа би се изедначиле и би биле на само 3 бода од 6-тата позиција. Моментално се во просечна форма 4-2-4 на последните 10.
Бреша од кога имаа промена на менаџерската позиција се трансформираа од екипа која се бореше за опстанок во екипа која се бори за промоција во Сериа А. Новиот менаџер преферира дефанзивна тактика и дисциплинирана игра , на тој начин Бреша загуби само 1 меч на последните 13 средби од кога се промени менаџерот , а победија дури на 9 натпревари. Исто така примија само 4 гола на последните 13 натпревари , а дадоа 18.
Важен меч за двете екипи , очекувам дефанвна игра на двете екипи , посебно мислам дека одбраната на Бреша ќе си ја одигра својата улога и не верувам дека гостите ќе загубат.
Тип : 0-2 @ 1.60 влог : 3/10 ; Бреша DNB @ 1.77 влог : 6/10
Bundesliga 2
Дизелдорф - Ст. Паули
Иако по традиција ги играм понеделничките натпревари од Бундес 2 со 0-2 гола , денес одам спротивно од тоа , бидејќи и двете екипи се офанзивни и коеф се прилично добро.
Дуел за 3-тата позиција која носи плејоф со 16-то рангираната екипа од Бундеслигата и шанса за промоција.
Дизелдорф се 4-ти со 2 бода предност пред 5-то пласираните Ст.Паули.
Дизелдорф моментално игра добра офанзива , но слаба дефанзива и на последните 10 е 8/10 со ГГ. Ст. Паули пак игра подобра дефанзива , меѓутоа таа дефанзива доаѓа до израз кога се домаќини каде на последните 5 примија само 1 гол , додека во гости се друга приказна и на 4 од последните 5 гостувања примија гол.
Статистиката сама си кажува , најдобар избор за овој меч според мене е ГГ , очекувам двете екипи да си дадат по еден гол. Коеф е солиден @ 1.75 , а исто така ќе пробам со помал влог и на ГГ3+ , Мислам дека овој меч нема да заврши нерешено. Првиот дуел заврши со победа на Дизелдорф од 1:3.
тип : ГГ @ 1.75 влог : 5/10 ; тип : ГГ3+ @ 2.40 влог : 2/10
WTA Charlston clay
McHail - Wozniak
Почнуват турнирите на земјена подлога. Така да сега за сега одеме со помали влогови , бидејќи не сум сигурен кој како ќе се адаптира од трвда на земјена подлога.
Дуел меѓу Американка и Канаѓанка.
МекХејл оваа сезона е прилично солидна , дојде до 33-тата позиција на WTA ранкингот , ова ќе и биде прв меч на земјена подлога оваа сезона , а во кариерата има скор од 45-21 на глина.
Вожниак минатата недела одигра прилично солиден дуел со Венус Вилијамс во Мајами , беше премногу близу да ја победи , до најверојатно се уплаши од успехот и крахираше и на крај загуби. Мислам дека тој пораз ќе и остави ментална лузна барем во следниот период и ќе и влијае врз самодоворбата , па на тоа и се базира мојот тип за овој меч.
Тип : МекХејл -2,5 @ 1.85 влог : 3/10
GL !!
No comments:
Post a Comment