Лошо вчера ... NHL и NBA ме разочара , а дебелката Бартоли немаше одговор на Херцог ..
Резиме ан вчерашниот ден :
Отава - Бостон FT 1:3 , Отава DNB @ 1.83 3/10 губиток : - 3 units
Еисбарен - Страубинг FT 4:1 , Еисбарен 1 @ 1.70 3/10 профит : +2,10 units ; над 5,5 гола @ 1.75 3/10 губиток : - 3units
Бартоли - Херцог FT 1:2 , Бартоли -3,5 @ 1.90 2/10 губиток : - 2 units
Сафарова - Вожниак FT 2:1 , Сафарова 1 @ 1.70 3/10 профит : + 2,1 units
Орландо - Њујорк FT 80:96 , Орландо -3,5 @ 1.90 3/10 губиток : - 3 units
Вкупен губиток : - 6,8 units
Пред нас е викенд , огромна понуда почнувајчи од денес ,па идеме полека :
England Championship
Reading - Leeds
Очекувам малце голови на овој меч. Двете екипи си имат проблеми со повредени и суспендирани играчи , па така Рединг ќе бидат без Каракан , Кебе , Таб кои се повредија на псоледниот меч со Вест Хем.
Лидс исто така ќе има проблеми со дефанзивата , О'Ди и Конели се суспендирани , Клејтон исто така суспендиран , а Вајт е повреден.
Лидс на последните 3 гостувања е без пораз и притоа нема примено гол , на последните 10 средби во Чемпиошип лигата е 7/10 натпревари со 0-2 гола.
Рединг е поофанзивна екипа и е 4/10 натпревари со 0-2 гола , меѓутоа во меѓусебните дуели со Лидс , од 7 одиграни натпревари , на 6 било 0-2 гола вклучувајќи го и првиот овогодишен дуел ( 0:1 победа на Рединг ). Одам според статистиката , меѓусебните дуели и формата на гостински терен на Лидс во последните неколку средби ми укажува дека нема да има многу голови.
Тип : 0-2 @ 1.90 влог : 3/10
Italy Seria B
Crotone - Sampdoria
Очекувам победа на гостите , бодовите им се повеќе од потребни.
Кротоне после неколку добри натпревари може полесно да дише. Моментално се на 12 бода разлика од последното место кое води во Сериа Ц и 7 бода разлика од последното место кое води во плејаут за опстанок. Од кога го сменија менаџерот екипа игра одлично и офанзивно , на што укажува и фактот дека се на последните 10 натпревари се 10/10 со ГГ ( даден и приман гол). Не знаат за пораз веќе 8 кола каде направија 6 нерешени и две победи. Денес во сотавот ќе им фали само еден стандарден дефанзивец, а менаџерот најави дека ќе играт офанзивно и дека нема да менуваат тактика и состав за денешниот меч.
Сампдориа конечно влезе во форма после смената на менаџерот. Ако се земе статистиката на последните 10 средби во Сериа Б , Сампдориа се екипата со најдобра форма , 6победи , 3 нерешени и само 1 пораз на последните 10 притоа примајќи само 3 гола. За денешниот меч нема да имат проблеми со составот , а моментално се наоѓаат на 7мата позиција со само 2 бода разлика од 6-тото место кое носи плејоф за промоција во Сериа А.
Првио дуел оваа сезона го зеде Сампдориа , 2:0 победа дома , и денес очекувам исто победа на гостите , дефанзивата на Кротоне не е стабилна , додека дефанзивата на Сампдориа моментално е најдобра во Сериа Б.
Тип : Самдориа 2 @ 2.50 влог : 3/10
Русија KHL хокеј лига , плејоф натпревари
Трактор - ОМСК
Петти натпревар од полуфиналната серија каде ОМСК има предност од 3:1 во серијата и со победа денес би се пласирале во финалето.
Трактор ова полуфинале го одиграа лошо , а почнаа добро со победа на првиот натпревар од серијата со 3:1 , но од тој момент тотален колапс . Вториот меч дома го загубија во продолжетоци , а на двата меча кои ги одиграа во гости дадоа само 1 гол.
Двете екипи играт дисциплирано со мал број на погодоци , оваа сезона ниту еднаш во меѓусебните дуели не поминаа над 5 гола ( макс голови беа по 4 на меч ), па затоа и катастрофален коеф за под 5,5 @ 1.35. Меѓутоа коеф под 4,5 е добар @ 1.90 и ќе одам со тој тип.Исто мислам дека ОМСК ќе ја заврши работата и ќе се пласира во финалето , па мал влог и на нивна победа.
Тип : под 4,5 @ 1.90 влог : 3/10 ; тип : ОМСК 2 @ 2.45 влог : 2/10
NBA
Индијана - Оклахома
Мислам дека играњето против Оклахома е самоубиство во смисол на бетинг аспект , но и играњето против Индијана не е паметно , посебно кога играт дома.
Идијана дома имат скор од 17-7 , додека Оклахома се во гости 17-9.
Ако некоја екипа би ја ставил ко фаворит од сенка , тогаш Индијана би била дефинитивно мој прв избор за прстен. Имат одлична , флуидна екипа , немат супер звезди ( освен Гренџер ) , но имат тимски дух и игра, 3-тата позицја на Истокот не им е за џабе. Моментално играт да ја заджат таа 3та позиција шо што би осигурале home court advantage и полесна екипа во плејофот.
На последните 10 се 7-3. Офанзивата им работи моментално , на последните 10 средби , 8 пати минаа над 100 поена , меѓутоа дефанзивата им е загрижувачка , 6/10 се со примени 100 и над 100 поена .
Оклахома оваа сезона се живо газе пред себе , пред се поради Дурант и Вестбрук ( мада и харден не би требало да го заборавиме ). Врзаа 2 порази во серија од Мајами и Мемфис , но на последните 10 се 7-3 , а интересно е за екипа која ја има втората најдобра офанзива во лигата на последните 3 натпревари дадоа 93, 92 и 88 поени , со други зборови офанзивата им падна.
Двата предходни дуела оваа сезона ги зеде Оклахома , победа дома со 24 разлика и победа во продолжетоци во гости кај Индијана.
Очекувам офанзивна игра од двете екипи и одам со 3 типа.
Тип : Индијана +3,5 @ 1.90 влог : 3/10 ; тип : Индијана над 98,5 поена @ 1.90 влог : 3/10 ; тип : над 200,5 поена @ 1.90 влог : 3/10
WTA Charleston
Звонарева - Сафарова
Не гледам зошто Звонарева е фаворит овде , Русинката е тотално надвор од форма и со многу мала самодоверба , на почетокот од сезоната во Австралија и се случуваше да се расплака на сред меч бидејќи не и одеше играта. Сега игра против Сафарова која оваа сезона е клик-клак на секој меч , али е квалитетна тенисерка и коеф би требало да биде повеќе изедначен отколку што е понудата. Сафарова во предходните 2 кола прво ја размонтира Лучич со 6:2 6:0 , а вчера имаше мал проблемсо Вожниак , загуби сет во тај брејк но ја победи со 2:1 ( 6:2 6:7 6:1 ). Звонарева немаше проблеми со Бондаренко која е тотално во форма и ја збриша со 6:1 6:1 , додека вчера имаше проблеми со просечната Вогеле , го загуби првиот сет 5:7 , но ги седе следните 2 со 6:3 6:4 и победи 2:1.
Денес очекувам многу тесен меч и дефинитивно не сметам дека Звонарева треба да биде фаворит овде , очекувам Сафарова да зеде барем еден сет.
Тип : Сафарова +2,5 @ 1.95 влог : 3/10 ; Тип . Сафарова 2 @ 2.35 влог . 2/10
Мало инфо пред почетокот на кокцарскиот викенд , Галатасарај се соочува со проблеми Риера и мело вчера се степаа на тренинг , па беа отстранети од тимот , додека Барош го скрши носот и нема да настапи против Маниса , меч без значење бидејчи Маниса испадна од првата лига , а Галата има 9 бода предност пред плејофот.
Орландо врза 4 порази во серија и моментално Ван Ганди и Хавард се во лоши односи , Ван Ганди изјави дека Хавард сака тој да биде отпуштен од Орландо и дека игра против него , со други зборови ситуацијата во Орландо не е добра , а утре гостуват кај Филаделфија.
GL !!
No comments:
Post a Comment