Thursday, April 5, 2012

05.04.2012

Солиден ден вчера , 3/4 синглови влегоа.

Сантос - Торонто  FT 6:2 , Сантос -1,5 @ 1.97   3/10   профит :  + 2,9 units

Дечин - Простерјов FT 77:71  , Простерјов +4,5 @ 1.85   4/10    губиток :  - 4 units

Алборг - Митдјиланд FT 1:2 , Митдјиланд DNB @ 1.77   4/10  профит :  + 3,08 units

Бостон - Сан Антонио FT 86:87  ,  Бостон +1,5 @ 1.90   4/10   профит : + 3,6

Вкупен профит :  + 5,5 units


Идеме за денес :

NHL

Ottawa Senators - Boston Bruins

Предпоследно коло од регуларната сезона , Бостон 99% ќе заврши на втората позиција и најверојатно во плејофот ќе игра против Отава. За денес на гостувањето во Канада се одлучија да не ги поведат скоро ситеклучни хокејари и ги оставија дома , така нема да настапат првиот голман и еден од најдобрите голмани во лигата Тим Томас , еден од најдобрите дефанзивци во лигата Чара , потоа Бојчук , додека на терен ќе излезат некои млади хокејари. Плус имат неколку повредени хокејари.
Отава им треба бод за да го освојат 7-мото место и да закажат дуел со Бостон во плејфот. Немат повреди , и ќе играт со прв состав.
Одам со азиски хендикеп на Отава , не верувам дека ќе загубат дома , барем не во регуларно време.

Тип :  Отава  DNB @  1.83    влог :  3/10

Германија DEL хокеј лига

Ејсбарен - Страубинг

Прв натпревар од полуфиналната серија помеѓу актуелниот шампион и најдобрата хокеј екипа во Германија  против дебитантот во плејоф натпреварите и една од најмладите екипи во Германија.
Ејсбарен тотално ги размонтира Келн во 1/4 и победи со 4:0 во серијата со гол разлика 15:4, покажаа ектремно офанзивен хокеј , огромен број на шутеви кон противничкиот гол.
Страубинг живее во бајка , во 1/4 финалето со декласира Волфсбург со 4:0 со гол разлика 19:5 , и тоа во својот прв настап во плејофот во историјата на клубот.
Сега мислам дека Ејсбарен е преголемзалак за нив , сепакиграт против шампионот и најсилната екипа во лигата и оваа сезона се сретнаа 4 пати , 3 победи за Ејсбарен , една за Страубинг. Ејсбарен на двата натпревара дома ги декласираше гостите со 5:1 и 6:3 , последната победа беше пред месец дена ( 6:3). Очекувам шампионот да почне со победа , мада гостите ќе покажат заби , така да cover bet би бил над 5,5 гола.

Тип : Ејсбарен 1  @  1.70   влог :  3/10   ;  тип : Над 5,5 голови @ 1.75   влог :  3/10

WTA Charelston  clay

Бартоли - Херцог

Коефициентот е висок можеби поради фактот дека Бартоли не се снаоѓа толку добро на глина колку што се снаоѓа на тврда подлога. Друго објаснување не гледам. Пред недела дена и го нанесе првиот пораз на Азеренка , сега и дават 1.50 против Херцог. Имаше проблеми со повреда во Мајами , но после турнирот изјави дека се осеќа добро и дека тренира добро.
Херцог оваа сезона е 7-12 , 2-0 на глина , но двете победи дојдоа против најстарата активна тенисерка на турата Дате Крум и против просечната Лапченко која нема добра статистика на глина. Би одел со голем влог овде , но Бартоли оваа сезона многу тешко го сочувува својот сервис , а многу често прави и брејкови. Бартоли има 4-0 во меѓусебните со Херцог , од кои 2 победи се од оваа сезона 2:1 во Мајами и 2:0 во Сиднеј. Одам со победа на Бартоли , но со помал влог.

Тип : Бартоли -3,5 @ 1.90   влог :  2/10

WTA Charleston clay

Сафарова - Вожниак

Втор меч каде мислам дека коеф е добар да се прати фаворитот.
Иако Сафарова е климава оваа сезона , мислам дека Вожниак нема ментална сила за победи, иако игра во добра форма. Исто многу често игра натпревари со 3 сета поради тој факт.
Сафарова вчера ја размонтира Лучич со 2:0 ( 6:2 , 6:0 ) и иако очекувам денес да има проблеми со Вожниак , мислам дека на крај ќе издвојува победа. Одам со победа на Сафарова.

Сафарова 1 @ 1.70   влог :  3/10

NBA

Orlando -  NY Knicks

Без мислење тука одам со победа на Орландо , Никси се без Стадемаер и Лин до крајот на сезоната и најверојатно ќе бидат без нив и во плејофот.
И двете екипи се борат за позиција во плејфот , Никси се борат со Милвоки за 8-мата позиција , додека Орландо се бори за 3-тата позицја.
Орландо врза 4 порази во серија и мислам дека конечно ќе реагираат и ќе победат , Никси од кога ги загубија Лин и Стадемаер на последните 2 гостувања загубија од екипи кои се во плејофот , 10 разлика од Атланта и 8 разлика од Индијана. Мислам дека ова ќе им биде 3 пораз.

Тип : Орландо -3,5 @ 1.90    влог :  3/10

GL !!

No comments:

Post a Comment