Tuesday, October 25, 2011

Вторник 25.10.2011

Голем ден за WTA тенисот денес. Почнува финалниот турнир во Истамбул каде најдобрите 8 тенисерки за оваа година ќе одлучат кој ќе биде овогодишниот шампион.
8 тенисерки се поделени во 2 групи ( црвена и бела ) , од каде 2-те најдобро пласирани од секоја група ќе поминат во 1/2 финалето.

Моментално Вожниачќи и Шарапова се борат за првото место , додека другите тенисерки се борат  за пласман од 2-то до 8-то место. Вожниачќи има вкупно 7115 бодови собрано оваа сезона , додека Шарапова има 6370 бодови. Останатите тенисерки немаат ни математичка шанса за освојување на 1-то место, бидејќи 3-то пласирана со 5870 добови е Квитова што е премногу малце за достигнување на Вожниачќи. 

Денес на програмата се закажани 3 дуела :

16:00 Квитова - Ѕвонарева 
17:30 Вожниачќи - Радванска 
19:00 Шарапова -Штосур 

На прв поглед , сите дуели се тешки , нема големи фаворити. 
За денес мислам дека Вожниачќи ќе почне со победа и тоа победа во 2 сета , очекувам турболенции на мечот Квитова- Ѕвонарева , најверојатно овде ќе има 3 сета , бидејќи и двете тенисерки имаат доста квалитет , ко за пример Квитова има јак сервис , додека Ѕвонарева е брза ,подвижна и доста лукава.
Шарапова - Штосур изгледа како победа на Шарапова , всушност досега овие две се имат сретнато 9 пати , и Шарапова победила на сите 9 дуели. Меѓутоа Шарапова влече мала повреда на зглобот ,па не сум сигурен колку ќе влијае тоа врз нејзиниот перформанс денес. Штосур е доста добра на тврда подлога , оваа сезона го освои US OPEN против Серена Вилијамс, тоа кажува за нејзиниот квалитет.

Значи да издвојам , од дамите денес мислам дека Вожниачќи е најдобар избор и одам со 3 типа , сите сингл , на младата Данќиња која има H2H баланс против Радванска 4-1 , 4 победи во серија и веќе ја победи со 2:0 во полуфиналето на турнирот во Штутгарт оваа сезона :

Wozniacki -1,5  @  2.35    4/10   Oaza - 4 units
Wozniacki - 3,5 games @  1.90     7/10   Sportlife   +  6,3 units
Wozniacki  @  1.60   10/10  Sportlife  + 6 units 

GL !!
Вкупен профит : + 8,3 units

Понеизвесен натпревар во WTA немам гледано . И двете тенисерки беа и одлични и катастрофални на периоди. Пример Вожниачќи имаше 5:4 и 40:0 во 10тиот гејм од првиот сет , но Радванска го зеде со 7:5 . Во вториот сет Радванска имаше проблеми со рамото, и тоа и влијаеше , па го загуби сетот со 6:2 . Третиот сет беше срцев удар. Брејкови колку сакаш , грешки колку сакаш , брилијантни потези колку сакаш , ама Радванска загуби 6:4 на крајот.
И двете беа премногу нервозни , што е донекаде и прифатливо ако се земе фактот дека овој турнир носи многу,многу пари , пример само одигран натпревар без разлика на пораз или победа носи околу 100.000 долари. Додека шампионот зема милион и кусур.
Вожниачќи денес ме разочара , направи неколку потези што и аматерка од ITF дивизијата нема да ги направи , Радванска очигледно беше дека болката во рамото ја извади од колосек и тоа ја кошташе победа.







Wednesday, October 19, 2011

Среда 19.10.2011

Добар ден вчера ... за денес имам многу дилеми , ама избрав неколку натпревари :

ATP Stockholm

Del Potro - Blake    1.25  3.50

Интересен дуел. Blake е пред крајот на кариерата , додека Дел Потро се мачи да се врати во старата форма што ја имаше пред операцијата и имаше скоро година дена пауза од тенисот.Плус веќе неколку недели е без одигран меч поради повреда.

Блаке ретко да направи нешто посериозно на поважите турнири, играше неколку финалиња на Челанџер турнири , но не освои ништо.Ко шо кажав крајот на неговата кариера е скоро.

Не знам како Дел Потро ќе одигра вечер , ама Блаке е познат по неговиот јак сервис. Азискиот хендикеп е поставен на -4,5 гејмови , и мисалм дека Блаке ќе успее да се задржи над тој хендикеп. Најголема причина е недоволно спремниот Дел Потро , додека Блаке на тврда подлога  е добар. Пораз од 6:4 6:4 е добитен , пораз од 6:3 6:4 е губиток.

Blake + 4,5  @  1.80    6/10   Sportlife


FT  4:6  4:6   +  4,8 units


------------------------------------------------------------------------------------------------------------------




Turkish Airlines Euroleague

Fenerbahce - Caha Laboral   1.40   2.70

Почеток на овосезонската Еуролига во баскет.
Прво коло , каде сите дуели се очукува да бидат тврди, никој не сака да почне со пораз.
Фенербахче имаат прилично амбициозен тим : Роко Укич , Џејмс Гист , Богданович и најсилниот дел од тимот е тренерот Невен Спахија.
Во турската баскет лига , во првото коло ги сломија Трабзон дома со 25 поени разлика.
Играт офанзивен баскет, бидејќи таков им е ростерот , и таква игра им лежи.

Каха Лаборал пак лигата ја почна со 2 победи ( победа во гости кај Гран Канариа со 9 разлика , победа дома против Севиља со 13 разлика ) , но во третото коло доживееја тежок пораз во гости кај Сарагоза од 20 поени разлика). Ко шо се гледа гостувањата не им одат баш најдобро, ако се земе во предвид дека Гран Канариа ( 1-2 )  е слаба екипа , а Сарагоза (1-1) е просечна екипа.

Очекувам фуриозен напад на Турците , најверојатно и публиката ќе им помогне во тоа , и водство на полувреме поголемо од 4 поени, колку што и е азискиот хендикеп за полувреме.

Fenerbahce  -3,5  HT  @  1.90    6/10   Sportlife


HT  36:34  - 6 units 


Вкупен губиток : - 1,2 units 

Tuesday, October 18, 2011

Вторник 18.10.2011

Лош ден вчера ... денеска имаме неколку добри натпревари , надевам се ќе има профит ...


Champions League

CSKA Moscow  - Trabzonspor    1.70  3.50  4.50

3-то коло од групната фаза на ЛШ.
Прилично едноставна ситуација, ако ЦСКА сака 1/8 финале мора да победи ,бидејќи имаат само 1 бод од 2 натпревари ( 2:3 дома со Интер , 2:2 во гости со Лил ). Трабзон од друга страна пак победа проти ЦСКА ќе ги закова на првата позиција каде што и се сега со 4 бода од 2 натпревари ( 0:1 во гости со Интер и 1:1 дома со Лил ) , мада мислам дека ќе бидат ептен среќни и со нерешен резултат.
ЦСКА влегува во лоша форма , викендов одиграа само 2:2 дома со Терек иако имаа водство од 2:0 на полувреме. Имаат проблеми со повредени играчи , па така денес нема да настапат неколку клучни првотимци : Akinfeev ( првиот голман ) , Honda и Necid ( двојцата клучни во нападот ) , Vasin и Gonsales.
Кај Трабзон пак ќе фали најдобриот играч и стрелец на тимот Burak Yilmaz ( од 10 гола колку што Трабзон има дадено , Yilmaz даде 8 ).

Значи и двете екипи се ослабен напад, па очекувам малце голови. Очекувам Турците да играт дефанзивно , додека ЦСКА да напаѓа од првата секунда.
Колку за инфо , менаџер на Трабзон е Senol Gunes , можда се сеќавате на него , под неговотактичко водство Турција освои 3то место 2002 во Ј.Кореа и Јапонија на СП.

Како и да е , очекувам тешок дуел , значаен за двете екипи, и очекувам победа на ЦСКА од 1 гол разлика.

0-2 @  1.75  6/10   As-Sport   - 6 units 
CSKA   X  европски хенд.  @ 3.40    2/10  ( победа на ЦСКА од 1 гол разлика )  - 2 units


FT  3:0   - 8 units

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

WTA  Moscow

J.Jankovic  -  E.Ivanova    1.05  6.50  


Ова го играм од две причини.
Прво крај на сезоната и Јанкович игра без голема мотивација, пошто секако не може да се пласира на финалниот турнир во Истамбул.
Втора причина е високиот хендикеп од +6,5 за Иванова. Иванова е русинка и игра пред домашна публика што може да и помогне малце.
За квалитет не зборам Јанкович е 2-3 класи над Иванова, али ко што кажав не верувам дека лесно ќе ја збриши Русинката. Секаков пораз со под 7 гејмови е добитен , пример 6:3 6.3 победа на Јанкович е добитен , додека пораз од 6:3 6:2 значи губиток.


Ivanova +6,5 @  2.10      5/10    Sportlife 


FT  1:2  +  5,5 units

------------------------------------------------------------------------------------------------------------

По еден double и еден tripple :

Double :

Rudar V. - N.Gorica   0-3  @  1.29
Ostrava  -  Slovacko   1x    @  1.25

вк. коеф -  1.61    7/10  влог   + 4,4 units 

Tripple

Rudar V. - N.Gorica  0-3  @  1.29
CSKA - Trabzonspor 0-3  @  1.24
Zilina - T.Presov         0-3   @  1.35

вк.коеф - 2.16     5/10  влог  + 5,7 units


Вкупен профит :  7,7 units

* повеќе типови ќе ставам накај 19:00 ( NHL , CL )

Monday, October 17, 2011

Понеделник 17.10.2010

Одличен викенд , добро остварен профит ..

WTA Luxembourg  hard court

Kirilenko - SuarezNavarro   1.20   4.00   хендикеп гејмови -/+5,5  Sportlife

Прилично лесен тип од моја гледна точка. Зашто ? Еве зашто :

- Кириленко е 24та на светот , додека СуарезНаваро е 50та. Не е голема разлика тоа.
- Кириленко е 28/17 на тврда подлога во кариерата , Наваро е 17/22 , повторно нема голема разлика.
- Наваро оваа сезона одигра 49 натпревар , 29 победи 20 пораз , Кириленко 51 натп , 30 победи 21 порази. Повторно нема голема разлика.
- Меѓусебе имаат играно 2 пати , 2 победи на Кириленко на земјина подлога , и двете победи со 2:1 резултат , еднаш покриен хендикепот -5,5 еднаш не покриен.

Очекувам Наваро да држи барем неколку од нејзините сервиси и не верувам дека Кириленко лено ќе го покрие хендикепот.

SuarezNavarro +5,5 @ 1.95    7/10   Sportlife 


FT SuarezNavarro го предаде мечот . Влогот вратен.


-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Romania Liga 1

Ceahlaul - Dinamo Buc.  4.00  3.15  1.65  

Очекувам тешок дуел со малце голови.
Прво, според временската прогноза, вечер најверојатно ќе има снег во Piatra Neamt со температура од - 4 степени, па очекувам отежнати услови за игра.
Цеалаул се екипа која оваа сезона влезе во Liga I од Liga II и за сега покажуваат добра игра и добра дефанзива, од 9 одиграни натпревари 8/9 завршиле со 0-2 гола. Имаат примано само 9 гола на тие 9 натпревари , а дадено 7 гола.
Динамо Букурешт е лидер , има примено само 5 гола на 9 натпревари , а има дадено 20 . Всушност напаѓаќкиот двоец на Динамо е најдобриот напаѓачки тандем во лигата , M. Niculae - 7 гола на 9 настапи и Danciulesku - 9 настапи 5 гола.
Очекувам домашните да се затворат во дефанзива,бидејќи имаат слаб напад и да се надеваат дека ќе извадат некој бод од овој дуел. Статистиката и временската прогноза ми одат во прилог на моето мислење дека нема да има многу голови на овој дуел.

0-2  @  1.75     5/10  Premier 

FT 0:5 -  5.00 units 


----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Czech Republic Gambinius Liga

Victoria Zizkov - Slavia Prague 2.95  3.20  2.25

Дерби во Чешка. Дуел помеѓу две екипи од Прага, градско дерби. И двете екипи лошо почнаа.
Жижков има само 4 бода од 9 натпревари и е на 14-тата позиција од 16 екипи , додека Славиа е 13-та со 5 бода повеќе од Жижков. И двете екипи имаат лоша одбрана.
Жижков се наоѓа во криза , не само резултатска туку и менаџерска. Имаат внатрешни проблеми во клубот меѓу играчите и менаџментот. Денес ќе играт со комплетен состав и се надеваат дека ќе почнат да дават голови.Жижков се во серија од 6 порази.
Славиа има нов тренер , според кој играчите се мотивирани и среќни и спремни да почнат да победуваат. Денес ќе настапат без еден првотимец од среднит ред , Stephen Kores , остатокот од тимот е ОК.
Коеф за победа на Славиа веќе падна од 2.50 на 2.05 , причини за тоа мислам дека се следниве :

- Нападот на Жижков е импотентен , од 6 напаѓачи кои настапиле до сега на 9-те натпревари во лигата , само двојца имаат дадено по еден гол. Средниот ред има дадено само 1 гол , додека одбраната има дадено 3 гола !Тоа е лоша статистика за екипа која сака опстанок.
- Интерните проблеми во Жижков , и промената на менаџерот на Славиа ( нов тренер ефект ).
- Лошата форма на Жижков.

Меѓутоа , на последните 4 средби одиграни дома против Славиа имаат загубено само еднаш и три пати имаат одиграно нерешено. 3/4 се 0-2 гола.
Мислам дека Славиа ќе земе нешто од овој меч , едноставно бидејќи Жижков се во катастрофална форма и имаат проблеми, а има најави дека Славиа ќе плови по мирни води во иднина , па одам со азиски хендикеп на Славиа ,и тоа со максимален влог !

Slavia Prague  DNB  @  1.57  10/10  Oaza  *
* во случај на нерешено, влогот се враќа во целост 


FT  1:0  -10.00 units  




GL !!

Sunday, October 16, 2011

Недела 16.10.2011

Вчера солиден ден , завршивме со профит , идеме и денеска со неколку типови :


Premier League

Newcastle- Totenham Hotspur     2.65  3.30  2.50

Дуел помежу две екипи кои почнаа солидно , мада Њукасл имаат подобар старт и сеуште се без пораз. Њукасл се пласирани на 4тата позиција , додека Тотенхем се снестени на 6-тата со еден натпревар помалку , само 3 бода ги делат овие 2 екипи.

Овде очекувам тврд дуел , бидејќи не верувам дека Њукасл би сакале да загубат и да им го дадат 4-тото место на Тотенхам , додека пак Тотенхам е поквалитетна екипа ( според ростерот ) и не верувам дека лесно ќе загуби од Њукасл.
Меѓусебе имаат огромна традиција , па ќе ги спомнам натпреварите од последните 2 сезони , каде што Тотенхам има 2 победи ( 1:0 и 2:0 ,двете дома ), една нерешена 1:1 ( Тотенхам се спаси со гол во 90') и една победа на Њукасл со 2:1 ( со гол во 90').
Како што се гледа во последните 2 сезони , овие 2 екипи играт тврдо меѓусебе.
И двете екипи се со 3 победи во серија во Премиер лигата.

Њукасл скоро и да немаат повредени или суспендирани , додека Тотенхам се со проблеми. За гостите нема да настапат : Sandro , Lennon , Kranjcar ,Corluka , Huddlestone , Dawson и Gallas. Неизвесни се Adebayor и Van Der Vart бидејќи и двојцата носат мали повреди , но најверојатно ќе настапат . Како и да е , не сум сигурен дека ќе можат да дадат 100% од себе.

Како што реков очекувам тврд дуел , најверојатно нерешенн резултат , претпоставувам 1:1 би било најфер.

0-2  @  1.95  6/10  Sportlife   - 6 units
X  @  3.30  3/10  Oaza   + 9,90 units 
1:1 точен резултат  @ 9.00  1/10   - 1 unit


FT  2:2 
вкупен профит :  + 2,90 units 

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Bundesliga

Koln  - Hannover   2.50  3.15  2.65

Дуел помеѓу две изедначени екипи , според традицијата. Досега имаат одиграно меѓусебе 42 пати и се со скор : 18 победи Хановер , 18 Келн , 6 нерешени.
И двете екипи играат променливо , така на пример Келн го понижи Леверкузен на гостински терен со 4:1 , а загуби дома од Нирнберг со 1:2 ( двата гола на Нирнберг беа постигнати од пенал ). Хановер има подобра форма од Нирнберг , малце подобар состав и нема пораз на последните 5 средби ( 3 во Бундеслигата , 2 во Европа лигата ) .

Бидејќи Хановер го чекаат 3 тешки недели во Бундеслигата и Европа лигата , тренерот Сломка призна дека планира да ја ротира екипа , плус имаат неколку футбалери со помали повреди , па се очекува овие клучни футбалери да бидат одмарани за поважни натпревари.
келн од друга страна го има Новакович како неизвесен, а тоа им е клучен напаѓач , па најверојатно ќе играт во Подолски во нападот и некој од резервите.

Инаку лани кога Хановер имаа шанси да избегаат пред Баерн Минхен во борбата за место во ЛШ, дојдоа на гости во Келн каде загубија со 4:0, и Баерн заврши во ЛШ , а Хановер во Европа Лигата, паова може да биде и ектра мотив за гостите.
Како и да е , и овде очекувам тврд и тешок дуел и мислам дека Келн може да земе 3 бода овде со победа од 1 гол разлика , најверојатно 1:0 или 2:1 , али ќе одам со 1:0.

0-2 @ 2.00   3/10  Sportlife  +  3 units 
Koln DNB @ 1.74    6/10  Sportlife   +  4,44 units 

FT  2:0  
вкупен профит : + 7,44 units 


GL!!

Saturday, October 15, 2011

Сабота 15.10.2011

Вчера солиден ден , Сафарова заврши работа ко шо треба ...

Russian Premier League

CSKA Moscow - Terek Grozny  1.25  5.00  9.00

Дуел помеѓу Голиат и Давид ... CSKA се еден од најсилните, најбогатите клубови во Русија , го имаат еден од најдобрите состави , додека Терек се просечна екипа која често испаѓа од Премиер лигата и повторно се враќа , јо-јо екипа.
CSKA денес ќе има проблеми со составот бидејќи неколку клучни играчи им се повредени или суспендирани. Така, нема да играт : Акинфееф ( прв голман ) , Нецид ( напаѓач , клучен , 3 гола ) , Хонда ( среден ред , клучен , 7 гола ) , Гонзалес ( 1 гол ), Березутски ( дефанзивец , клучен , 22 настапи ) , Набабкин ( 23 наст , дефанзивец , клучен ) , Алдонин ( среден ред , 18 наст ) .
Згора на ова во вторник ги чека натпревар во Лигата на Шампионите со Трабзон.
Терек пак од друга страна игра многу променливо,пример на дуелот со Анжи на двапати водеа и успееа да земат 2:2 резултат во гости против силна екипа , додека дома загубија од Налчик , екипа која треба да е послаба од нив.

Како и да е Терек дава голови кога игра во гости , на последните 7 натпревари дале 8 гола , единствено само протв Зенит немаат постигнато гол , али завршија нерешено 0:0.
ЦСКА пак прима голови дома , на последните 6 средби примиле гол на 5 од нив .

H2H е во корист на ЦСКА , имаат 5 победи на последните 5 средби дома со Терек .

Интересно за овие 2 екипи е тоа што во последните 6 средби , ЦСКА има 4/6  2+ второ полувреме , Терек е 3/6 2+вп.
4-6 гола , ЦСКА е 3/6 , Терек е исто така 3/6 , е последните 3 средби одиграни меѓусебе 3/3 3+ и 2/3 4-6 гола.

Според статистиката , формата и информациите , мислам дека овие типови вредат да се одиграат :

4-6 гола @ 3.00  3/10 ( Sportlife )  + 6 units
2+ второ пол @ 2.00  5/10  ( Premier )  + 5 units 
DP11 CSKA @ 2.20  4/10 ( Oaza )   * дупла победа на ЦСКА   - 4 units

HT  1:0  FT  2:2    +  7 units


GL !!

Friday, October 14, 2011

Петок 14.10.2010

Вчера лош ден ... Don't wanna repeat it ...

WTA Linz  surface : hard , indoors

Safarova - Cirstea  1.60  2.30

Иако Романката покажува некоја добра форма, мислам дека Сафарова ќе го реши лесно овој дуел во своја корист. Според мене , Романката е топ 100 материјал , но не верувам дека е топ 50 . Тоа и го кажува нејзиниот моментален ранкинг , 78 место на WTA листата.
Сафарова од друга страна , е 27-о рангирана , има квалитет во неа ,али и фали ментална силина.Лесно се губи, лесногуби самодоверба по неколку грешки , и тоа е најчесто причината за нејзините порази.
И двете тенисерки се добри на оваа подлога , Кирстеа е 7-2 , додека Сафарова е 7-3 оваа сезона.
Мислам дека Сафарова ќе победи во 3-4 гејма разлика , и мислам дека хендикепот од -2,5 @ 1.90 за гејмови е добар да се ризикува.

Safarova -2,5 games @ 1.90   10/10       FT  7:5  6:2     + 9.00 units 

п.с. 10/10 ставам за мене , бидејќи вчера лошо паднав...Повеќе типови ќе ставам покасно на блогот.

Thursday, October 13, 2011

Четврток 13.10.2011

Нишо посебна понуда денес, али има неколку интересни натпревари од повеќе спортови, па да почнам полека ...

Sweden Allsvenskan
Malmo FF - Hacken  2.13 3.25  3.05

За почеток не знам од дека Малмо е фаворит на овој дуел.Еве ги фактите :

- Малмо во рок од 7 дена го чекаат 4 натпревари ( 3 во Шведската лига и еден во Лига Европа )
- Малмо е на 7мата позиција во лигата и заостанува 12 бода за АИК , кој е 3то пласиран и го држи последното место за излез во Европа.
- На Малмо му остануваат уште 4 натпревари до крајот на сезоната , додека на АИК 2 меча. Што значи , за да Малмо игра во Европа следната сезона треба АИК да не земе ниту еден бод на следните 2 меча , а Малмо да победи на сите 4 , што е sci-fi. Значи Малмо во лигата игра без мотивација или минимална мотивација.
- Малмо има неколку повредени играчи од кои повеќето се првотимци ,а некои се клучни играчи. Денес нема да играат следниве играчи : J.Durmaz ( 24 наст. , 4 гола , клучен играч од средниот ред) , J.Hammad ( 18 наст , 3 гола ) , J.Aubynn ( 20 наст , 1 гол ) , M.Ranegie ( 5 наст , 3 гола ) , M.Halsti ( 14 наст , 1 гол , клучен дефанзивец ) , A.Nazari ( 6 наст , 0 гола ) .
- Тренерот на малмо изјави дека му е тешко да се припрема за 4 натпревари во 7 дена , од кој еден е клучен во Лига Европа против Металист , па изјави и дека ќе го ротира тимот , за да можат играчите да имат време да одморат и е принуден тоа да го прави заради повредените.
- Играчите кои нема да настапат имаат постигнато 13 гола заедно од вкупните 32 што малмо ги има дадено цела сезона, што значи овие играчи го ослабнуваат напаѓачкиот потенцијал на екипата за една третина.
- Хакен е 4то пласиран и заостанува 5 бода зад АИ, има 3 меча до крајот на сезоната , што значи има шанси да го престигне АИК и има поголема мотивација од Малмо.
-Хакен е скоро без повредени играчи , единствено има тројца неизвесни, кои најверојатно ќе играт или ќе играт одреден период од натпреварот.
- Хакен е непоразен на последните 8 натпревари во лигата , но тоа можеда биде и меч со две острици , нели на секоја серија морада и дојде крајот :).
- Малмо има само 2 порази дома и е лански шампион и ја зачува скоро истата екипа од лани , што значи дека победата на Хакен ќе дојде многу тешко и коеф од 3.05 е мал за тој ризик.

Значи , summa summarum , мислам дека ќе видеме по 1 гол од двете екипи на овој дуел , и мојата процена е дека шансите за победа на Малмо се помали од 46,9 % , колку што проценува кладилницата , па така коеф за победа на Малмо @ 2.13 нема value , а Хакен има само 1 победа на последните 7 средби на теренот на Малмо , па и победа на Хакен е малку веројатна , па едиствен избор кој ми останува е нерешен исход на овој дуел, каде што мислам дека Малмо ќе биде задоволен , Хекен не толку многу :) .

Предлагам пари да инвестирате на :

- X @ 3.25   3/10 влог
- ГГ @ 1.70 4/10
- Hacken x2 @ 1.57 или подобра варијанта во случај на победа на Хакен е азиски хендикеп 0 или  DNB или winer ( на нашки попознато ) за Hacken @ 2.11 , што значи ( за тие шо не знаат ) , во случај на нерешено се пресметува коеф 1.00 и се враќа уплатата во целост , а во случај на победа на Хакен уплатата се множи со 2.11 . Влог 6/10.

FT  1:0    - 13.00 units 
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Spain ACB League

Bilbao - Real Madrid   2.30  1.50

Епа деца стигаме до BET OF THE DAY .
Дуел од второто коло во Шпанската Прва кошаркарска лига , дуел меѓу екипи кои се мразат меѓусебе , не мора да ви објаснувам пределот Баскија како си се сака со главниот град на Шпанија.
Реал Мадрид во првото коло ја прегази Фуенлаблада со 18 коша разлика дома , додека Билбао загуби со 4 поена разлика во гости кај Аликанте. Од тоа што го забележав , Реал е во многу подобра форма од Билбао.
Ќе ви спомнам неколку имиња од ростерот на Реал : Llull ,Rodrigez , Fernandez , Reyes ...
Ама не е до ростерот базиран мојот тип , мојот тип е базиран на следново :

- Билбао е екипата која лани го понижи Реал Мадрид во полуфиналето на Шпанскиот плејоф. Ги победија со 3:1 и ги понижија , малиот баскиски клуб го надигра и посрамоти големиот и богат Реал Мадрид. Тогаш Билбао беа во налет , ама what goes around , comes around ... Сега Реал се во налет имаат нови играчи во ростерот , имаат нов тренер , играат офанзивно и не покажаа слабости , за разлика од нив Билбао се мачи со формата.Сега е време за одмазда на Реал и тоа во срцето на Баскија !

Друго во прилог оди тоа што Реал има само 1 пораз на последните 7 гостувања во Баскија ( без плејоф натпреварите) и аналогно на тоа , има 6 победи во Баскија.

Значи , причини за 10/10 влог ми се : прво коеф и хендикепот ( може да се најде од 1.45-1.60 за чиста победа на Реал и -2,5 или -3,5 победа на Реал со хендикеп ) , желбата за одмазда ( уште се свежи раните од пред 4 месеци ) , формата и инерцијата ( Реал е како лавина , мало побутнување и ќе потопи се ) .

- Реал Мадрид @ 1.50  10/10
- Реал Мадрид -3,5 @ 1.90  10/10

FT  86:82   - 20.00 units 

GL !!

п.с Следни типови накај 17:00 ;)