Tuesday, August 7, 2012

Вторник 07.08.2012

Квалификации за Лига на Шампиони, трето коло, реванши 

Одам со еден дабл.

Дебрецин - БАТЕ Борисов 

Интересна статистика имаме од првиот меч кој заврши 1:1. 
Според бројките, БАТЕ бил екипата која напаѓала и креирала шанси: удари во рамките на голот : Бате - 4 , Дебрецин - 2, удари покрај голот : БАТЕ - 8 , Дебрецин - 1, Корнери: БАТЕ - 9, Дебрецин - 1 , офсајди : БАТЕ -3 , Дебрецин - 0. Статист
иката вели дека БАТЕ биле подобрата екипа, меѓутоа имаа среќа и израмнија во 93-тата минута со автогол. Меѓутоа на тој меч играа без 4 клучни играчи кои беа на Олимпијадата и со Хлеб во составот кој го одигра својот прв меч за БАТЕ. Денес се враќаат сите играчи од Олимпијатада ( двајца од нив клучни ), Хлеб повторно ќе биде во составот , додека Дебрецин ќе игра без својот капитен поради суспензија ( важен за одбрана ) и че игра со вториот голман( играше и на првиот меч). Дебрецин викендот прв пат загубија после долго време во лигата , меѓутоа одмараа клучни играчи за овој дуел.
Белорусите и лани беа во слична ситуација, одиграа 1:1 дома со Штурм , па победија 2:0 во Австрија.
Дебрецин е домашна екипа и дома игра офанзивен футбал, тоа го најави и за денес нивниот менаџер, на кој иако 0:0 му одговара , изјави дека ќе напаѓаат од првата минута и ќе пробат да одиграт како против Скендербеу ( 3:0 ) и Ѓор ( 4:1).
БАТЕ изјавија дека мора да дадат гол во гости, и на тоа ќе им се базира играта,нема што да бранат во Унгарија.
Значи, Дебрецин без капитенот , кај БАТЕ се враќат 4 клучни играчи, БАТЕ мора да постигне гол ако сака пласман понатаму, Дебрецин е домашна офанзивна екипа. Коеф падна од 3.30 на 2.65 за БАТЕ.
Мислам дека тука може да ризикуваме со 3+ @ 2.20, Дебрецин има двојца опасни напаѓачи Сидебе и Кулибали,додека БАТЕ има доста играчи кои се способни да дадат гол.

Тип : 3+ @ 2.20

Феенорд - Динамо Киев

Првиот меч заврши 2:1 за Украинците, први поведоа Феенорд, Динамо израмни со автогол, и во 69 минута го дадоа одлучувачкиот гол,откако во второто полувреме одиграа многу офанзивно. Димано беше подобрата екипа , направија 8 шута во голот, 7 покрај голот, додека Феенорд имаше 5 во гол, и 3 покрај гол.
Феенорд ова лето загуби 4 клучни футбалери кои направија трансфер во друг клуб и не донесе некои добри замени, додека Динамо ова лето се засили , но сеуште не игра добро, па така на последните 5 меча, дури на 4 едвај победуваа : против Донецк дадоа гол во 90тата 1:0, против Закарпатија губеа 0:1, победија со голови со 89 и 90 минута 3:1 , против Феенорд израмнија со автогол, додека на последниот меч против Кривбас победија со 1:0 во 89-тата минута ( тука одмараа неколку клучни футбалери).
На Феенорд му одговара победа од 1:0 , додека на Динамо му одговара и нерешено. Феенорд е значително ослабен од лани поради губењето на клулни футбалери, и моментално составот нема големо искуство во Европа( за вечер се најавени двојца централни дефанзивци кои имаат по 20 години). Динамо пак не игра добро, но не прима многу голови ( примија само 2 гола на последните 5 меча).
Семин најави дека ќе игра претпазливо, целта е да не им се дозволи на Феенорд да постигнат гол, додека Куман исто најави попретпазлива игра во почетокот. Очекувам и двете екипи повеќе да се фокусират на одбраната, мислам дека Динамо ќе успее да ги задржи Феенорд во нападот.

Тип : 0-2 гола @ 2.00

Вкупен коеф : 4,40
влог : 200 денари
Можен профит: 680 денари.

Sunday, August 5, 2012

Недела 05.08.2012

Австрија Бундеслига

Рапид Виена- Австрија Виена 
Старт : 16:00 CET

Градско дерби. Ова е едно од најстарите дерби средби во историјата на футбалот и ова ќе биде 320 дуел помеѓу овие градски ривали. Карактеристично за ова дерби е тоа што во последните 3 години се одигра 10 пати и 8/10 натпревари завршија со 0-2 гола. Минатата сезона играа 4 пати меѓусебе, 3 пати беше нерешено и една победа за А.Ви
ена.
За денешното дерби и двете екипи ќе ги имат на располагање најсилните состави. Рапид ова лето се засили добро,посебно во офанзивата,додека Виена не промени многу од ланската сезона, а голема загуба им е трансферот на Баразите(најдобриот напаѓач) во Монако.
Рапид почна со 2 победи без примен гол 4:0 дома со Тирол и 0:1 на гости кај Нојштад. А.Виена почна со тешка победа кај Волфсбергер со 0:1, а минатото коло загуби дома од Штурм со 0:1. Како што се гледа овие 2 екипи многу често играт трвдо, со мал број на напревари.
Интересно е тоа што на голот кај Рапид ќе биде Конигсхофер, голманот кој направи неверојатно смешна и зачудувачка грешка против Војводина во четвртокот во квалификациите за Европа лига. Киксот може да го видете овде:http://www.youtube.com/watch?v=g8ekoxBfwJk Рапид го загуби мечот со 2:1 и сега во четврток играт дома за пласман понатаму.
Сооглед на тоа дека двете екипи примат малце голови(Рапид е сеуште без примен гол) и не дават многу ( Виена даде само 1 гол на двете средби) и меѓусебната традиција која вели дека во дербито многу често играт тврд футбал, се одлучив за 0-2 гола.

Тип: 0-2 @ 1.70

Норвешка прва лига

Розенборг - Алесунд
старт: 20:00

Дуел помеѓу две екипи кои играт во европските купови и најавија за денес дека ќе го ротират составот.
Розенборг има поширока клупа и поквалитетни замени за разлика од Алесунд кој има мал ростер. И двете екипи минатото коло исто така ротираа и одмараа за Европа , Розенборг одигра 1:1 ( водеа 0:1 ) на тешкото гостување кај Тромзо, додека Алесунд победи дома против мизерниот Стабек со 3:1 ( третиот гол беше даден од пенал). Позенборг има постигнато гол на последните 10 средби кои ги има одиграно, а ја зачува мрежата на само 4/10. Алесунд пак има дадено гол на 9 од последните 10 средби , притоа примајки барем еден гол на 7/10.
Традицијата вели дека овие 2 екипи се во серија од 16 наптревари каде имат одиграно 3+ ( последен пат одиграле 0-2 гола во 2003 година). Од тие 16 натпревари, дури 15 биле ГГ.
Очекувам дека ќе гледаме офанзивен футбал повторно,иако и двете екипи ќе ротираат со составот. Од 2003 година на паваму Розенборг секогаш кога бил домаќин давал по 2 гола, па тоа и ќе ми биде типот за денес:

Тип : Розенборг т1 2+ @ 1.55

Saturday, August 4, 2012

Сабота 04.08.2012

За почеток на денот ќе почнам со еден сингл на мал влог од Олимпијадата. 

Јапонија - Египет 
старт : 13:00 CET 

Јапонија досега покажаа дека се најдобрата екипа од Азија и покажаа дека ја имаат една од најдобрите одбрани на турнирот. На последните 12 натпревари примија само 1 гол. Во групната фаза ги победија Шпанија и Мароко со 1:0 и одиграа пријателски нерешено со Хондурас 0:0. 

Египет пак до
сега демонстрираше офанзивен футбал со чести грешки во одбраната. Селекцијата е способна да дава голови,но премногу лесно ги прима. Во групната фаза примија гол на сите 3 меча кои ги одиграа : 3:2 пораз од Бразил, 1:1 со Нов Зеланд и во последното,одлучувачко коло ја победија Белорусија со 3:1.

Мислам дека ова ќе биде интересен дуел за гледање, Јапонија има цврста,солидна одбрана која многу реткоприма голови, додека Египет е силен во офанзива,но многу ранлив во дефанзива. Мислам дека јапонците овде имаа поголеми шанси бидејќи досега прикажаа поорганизирана и стабилна игра. Сепак одам со мал влог на Јапонија.

Тип : Јапонија 1 @ 2.30
влог : 400 денари
Можен профит: 520 денари





***Едит***





Победата на Јапонија донесе мал профит, па сега одеме со еден дабл од Белгија и Австија.

Шарлоа- Бриж 3+ @ 1.60
Волфсбергер- Салзбург 3+ @ 1.75

Двете гостински екипи се фаворити за освојување на титулите во своите првества.
Шарлоа е екипа од која се очекува да се бори до крајот на првенството за опстанок, во првото коло загубија во гости со 4:2 од Мехелен. Бриж во првото коло победи дома со 
3:1 против Беверен. Бриж во среда го очекува вториот меч од 3-тото квалификациско коло за ЛШ против Копенхаген, па можеби нема да бидат 100% сцонцентрирани на овој меч,што му дава шанси на Шарлоа да постигне гол.Мислам дека ќе видеме гол од двете екипи и дека овој меч ќе има победни, мислам дека Бриж ќе победи.
Салзбург после елиминацијата од Дунделаж во Европа е во лоша ситуација, во клубот влијае лоша атмосфера, се навестуваат многу откази, па сето тоа може да влијае негативно врз психата на тимот.
Волфсбергер е екипа која оваа сеозна влезе од втората лига и игра добар футбал, за денес се очекува голем спектакл на нивниот стадион бидејќи гостува актуелниот шампион и тренерот наваји дека нема да се брани,туку дека ќе игра офанзивно. Мислам дека и тука ќе видеме над 3 гола,офанзивната игра на домаќините, можната деконцентрација на гостинскиот тим плус нивниот квалитет,мислам дека ќе донесат голови овде.

Вк коеф - 2.80
влог : 300 денари
можен профит : 540 денари

Со среќа !!

Friday, August 3, 2012

Петок 03.08.2012

Австрија Втора лига

А.Луштенау - Алтах
старт: 20:30 

Дерби на колото.Двете екипи се едни од фаворитите за влез во Бундеслигата и моментално А.Луштенау е со 2 победи на почетокот на сезоната без примен гол, додека Алтах во првото коло едвај победи на гости кај Хорн ( автогол и пенал ), а минатата недела загубија дома од Гродиг. Една од причините за лошата игра на Алтах е тоа што имаат огромни про
блеми со повреди, па моментално се без 6 првотимци,неколку од нив клучни во нападот. Вечер се очекува да имат проблеми кај Луштенау,посебно ако се знае дкеа ова е локално дерби.
Лани играа 4-ри пати меѓу себе, по една победа за двете екипи ( 4:1 за Луштенау , 0:5 за Алтах) и двапати одиграа нерешено со 1:1.
Очекувам победа на Луштенау и голови овде,традиционално Луштенау обично победува дома против Алтах ( 3 победи на последните 4 средби) и обично има голови кога игра меѓусебе, на последните 6 средби , 4 пати било 3+,како и последните 3 средби во Луштенау сите завршија со 3+.

Тип : А.Луштенау 1 @ 2.00 и 3+ @ 1.65

Од другите натпревари само ќе потсетам на минатонеделното пишување, пола екипи од лигата имат проблеми со финансии( ФК Луштенау,Виена,Капфенберг,Хартберг) и дел од нив комплетно си ги променија составите(Капфенберг,ФК Луштенау,Виена). Полтен е екипа со богат газда и оваа сезона целта им е пласман во Бундеслигата, па можеби може да се проба со нивна победа против Капфенберг. Гродиг влегоа во добра серија ,но коеф е мал за нивна победа против Хорн.Хартберг исто може да биде добар избор, Виена е во лоша состојба.





Ирска Премиер лига

Бохемианс Даблин - Бреј Вандерерс
старт: 20:45

Бохемианс полека влегоа во форма, на последните 4 меча немат пораз ,3 победи и 1 нерешена.Се искачија до 5-тата позиција и сега можат да ја нападнат третата позиција која води во Европа ( ралзиката е само 4 бода). Меѓутоа во четвртокот претрпеа тешок пораз и елиминација од Европа лигата од страна на Тор, екипа од Исланд која игра
 во Втората исландска лига,беа поразени во гости со 5:1. Толку стрелецот на тој меч , Скали , за денешниот дуел со Бреј е суспендиран и тој е единствениот кој ќеизостанува кај Бохемианс.

Бреј пак е во спротивна форма од Бохемианс, нема победа веќе 5 кола и реализацијата на гол шансите им е слаба, на 5 меча дадоа само 4 гола. За денес ги немат на располагање напаѓачите Ватерс ( 5 гола ) и Милрој ( 3 гола), двојца од петте играчи кои имаат постигнато гол за Бреј оваа сезона.

Традицијата е на страната на Бохемианс , кои немат пораз дома од Бреј веќе 3 години ( 3 победи и 2 нерешени) , формата е на страната на Бохемианс , кои немат примено гол на псоледните 3 домашни средби. Бохемианс е практички со фул ростер, после елиминацијата од Европа може да се концентрират само на домашното прввенство и да гонат излез во Европа за следната сезона, додека Бреј моментално се борат за опстанок и се со 6 бода предност пред УЦД кои го држат единсвеното место кое води во понизок ранг. Мислам дека Бохемианс ќе дадат се од себе да победат на овој меч , додека Бреј не им гори под нози и не осеќам преголем притисок,па мислам дека ќе одиграт поопуштено. Важно е да се каже дека имат слаба реализација и дека денес ќе им фалат двојца од петте стрелци на тимот.
Коеф не е лош за Бохемианс,па ќе пробам со 1.

Тип : Бохемианс 1 @ 1.85





Еден дабл , комбинација од втора лига Франција и Ирска Премиер лига:

Монако 2 @ 2.10 + Корк Сити 2 @ 1.95

За Монако кажав минатата недела оваа сеозна се број 1 фаворити се враќање во Првата лига, ги купи руски милијардер, доста се засилија ова лето и во првото коло го декласираа Тур со 4:0.
Лавал ова лето смени околу 60% од својот лански тим, не доведоа некои важни засилувања, во првото коло од
игра 1:1 со Шатеру.
Иако ова е public bet, мислам дека коеф треба да се искористи, бидејчи не верувам дека оваа година ќе гледаме многу високи коеф за Монако.

Корк се во серија од 11 натпревари без пораз,додека Дундалк се обратно , имат серија од 11 натпревари без победа. Формата е тотално различна на двата тима. Згора на се кај Дундалк ќе фалат важни футбалери од одбраната,додека Корк е со целосен состав.Коеф веќе падна од 2.20 на 1.85, кај нас сеуште го има со 1.95 и мислам дека вреди да се проба.

Вкупен коеф : 4,095

GL !!

Thursday, August 2, 2012

02.08.2012 Четврток Честит Илинден !!

Лига Европа 

Ескисехиспор - Марсеј 
старт : 20:45

Интересен дуел, каде французите се ставени како фаворити. 
Прво да кажам нешто за Ескисехи. 
Оваа екипа е доста солидна, го разгледав ростерот и имат добри футбалери. Пример нападот им е составен од : Камара(екс-Фулам,Селтик), Нихиу ( екс-Рапид Виена) и Карадениз ( лани стрелец на 8 гола). Средниот ред исто така делува добро : Тељо( екс-Бешикташ 
и Спортинг), Малечки( дојде ова лето од Висла Краков), тука се уште Сари,Зенгин,Есер кои неколку сезони играт заедно. Ова лето одбраната ја засилија со Цетин(дојде од Галатасарај, висок,цврст,но спор дефанзивец),тука е и Деде(екс-Дортмунд). Најсилниот дл од тимот е дефинитивно нападот, додека најслабиот дле би рекол дека е одбраната ( Деде е веќе стар , а Цетин, ко шо кажав иако е висок и цврст, е спор дефанзивец). Се очекува пеколна атмосфера на стадионот.

Марсеј не е во добра состојба.
Прво, не донесоа квалитетни засилувања, дел од клучните футбалери се во контакти со други екипи и сакат да се заминат, пред некој дне имаше тепачка на тренингот помеѓу Ајеу и Валбуена, менаџерот е во проблеми заради илегален бизнис. Во подготвителниот период одиграа 5 пријателски и победија само на една, против Тоњон ( аметерска екипа 1:2). Згора на се , сезоната им почнува за 10 дена, па голем дел од футбалерите ќе имат доста напревари во краток рок. Згора на се , вечер ќе им фалат неколку футбалери : Реми ( клучен, најдобар напаѓач,12 гола лани), Диара ( важен , среден ред ), Диавара( важен, дефанзива),Азпиликуета(важен, дефанзива), Ндаје и Ндоумбоу. Нападот вечер ќе им биде : Ајеу ( 8 гола лани, добар напаѓач) и Жињак ( 1 гола лани, вонформа). Средниот ред им делува ко најсилен дел од тимот.

Мислам дека тука ќе гледаме голови. Марсеј е ослабен во одбраната, Ескисехи има стари и спори дефанзивци, двете екипи имат силен напад, пеколна атмосфера кој ќе темпира високо темпо. Турците се во добра ментална состојба,додека Марсеј се климави и според зборовите на новиот менаџер: Сеуште не се 100% спремни за стартот на сезоната.
Мислам дека тука и двете екипи ќе дадат и ќе примат најмалце по 1 гол.

Тип: 3+ @ 2.05

Wednesday, August 1, 2012

Резиме - Вторник 01.08.2012

Солиден ден денес. 3/4 типови се добитни.

2 типа од Олимпијадата :
Египет - Белорусија 0-2 гола , FT 3:1. Не очекував Белорусите да крахират волку во одбрана.

Јапонија - Хондурас  X ( нерешено ) , FT 0:0. Сосема очекувна резултат. Двете екипи се пласираа во 1/4 финалето и не потрошија премногу енергија на денешниот меч

2 типа од квалификациите за ЛШ :

БАТЕ Борисов - Дебрецин 0-2 , FT 1:1. БАТЕ повторно се извадија при крајот на мечот,сега ги чека многу тешко гостување во Унграрија, Дебрецин е силна домашна екипа.

Шериф - Динамо Загреб 0-2 , FT 0:1. Динамо рутински, пласманот во плејофот сега треба да го потврдат во Загреб, каде пред две години беа елиминирани од Шериф на пенали , откако двата меча заврпија со идентичен резултат 1:1.

Добар профит денес. Утре не чека mission impossible :D Имаме доста дуели во Европа лигата и имам неколку типови на ум ;)

Вторник 01.08.2012 Прв ден од Август , Олимпијада, ЛШ и Копа Либертадорес - Втор пост

Лига на Шампиони , трето квалификациско коло 

БАТЕ Борисов - Дебрецин 
Старт : 18:00 

БАТЕ добро ги знаеме од дуелот со Вардар, видовме дека не се некоја квалитетна екипа. Во меѓувреме направија 2 добри трансфери , го доведоа назад Александар Хлеб (31-година, најдобриот белоруски футбалер , екс-Барса и Арсенал ) и го доведоа Роман Васиљук ( 33-години, лани најдобриот стрелец во Белоруската лига 
), а во составот ги имаат и Мозолевски ( нивниот најдобар срелец) и Родионов ( нивниот втор напрецизен напаѓач) и Ренан. Моментално се лидери во белоруското првенство со 3 бода предност и еден напревар помалку од Шахтјор. Може да се каже дека имат солиден состав. За денес ќе им фалат неколку футбалери кои се со Олимписката репрезентација во Лондон. Од тие кои се во Лондон, Бага е важен за тимот, додека Филипенко ( стандарден дефанзивец ) е повреден.
Дебрецин , според мене , не е квалитетна екипа и не верувам дека ќе игра групна фаза во ЛШ. Ги гледав со Скендербеу во Корча , немаа ниту еден шут во голот ! А само среќата ги спаси да не примат уште 2-3 гола, бидејќи албанците напаѓаа во бранови, но не беа прецизни. Дома лесно ги средија со 3:0.
Сепак овој тим игра подобро дома отколку во гости. Имат само еден опасен футбалер , напаѓачот Кулибали, а Сидибе кој го донесоа пред месец дена од Бершот , покажа добра игра против Ѓор ( стрелец на 2 гола). Единствената опасност за голотна БАТЕ би требало да дојде од овие двојца напаѓачи,бидејќи како што видов , сите други седат во дефанзива.
Мислам дека ќе видеме наптревар со помалце од 3 гола, БАТЕ делуваат , на хартија , подобро , меѓутоа коеф за нивна победа не ми се допаѓа @ 1.80 , нема value во него, па одам со 0-2 гола @ 1.75

Тип : 0-2 @ 1.75

Шериф - Динамо Загреб
старт : 19:00

Двете екипи играа меѓусебе пред 2 години , двапати беше 1:1, но Шериф помина понатаму.
Шериф моментално игра у добра форма, 3 средби во домашното првенство , 3 победи со гол разлика 10:1. Меѓутоа на последните 2 натпревара победи со 1:0 и на двата меча , головите беа дадени од пенал. Нивниот тренер изјави дека креираат шанси, но тешко им оди реализацијата,а за денешниот меч најави дефанзивна тактика. Ова е најдобрата екипа од Молдавија која игра дисциплиниран футбал.
Динамо неми се допаѓа. Знаеме колку контраверзии се вртат околу нив и Мамич постојано, лани беа обвинети за местењена наптревари во групната фаза во ЛШ,каде завршија со 6 порази , 22 примени голови и тоа достигнување им донесе историја: Најлоша екипа во историјата на ЛШ. Минатото коло едвај се пласираа понатаму , давајќи гол во 97 минута,иако продолжението беше само 5 минути против Лудугорец.
Денес ќе им фалат неколку првотимци, за Молдавија тргнаа 18 футбалери ( 2 голмани) , па ќе ротираат и нема да имат ист состав ко против Лудугорец.

Претпоставувам дека нема да видеме многу голови овде, па ќе одам со 0-2 гола. Прво Шериф има проблеми до реализацијата,и не верувам дека може да прими 2-3 гола од Динамо бидејќи играт цврст,дисциплинирана одбрана, додека Динамо не му делува ко квалитетна екипа и екипа која заслужува да игра во ЛШ.

Тип : 0-2 @ 1.65





Хелсингборг за вечерашниот дуел со Сласк, ќе има двојца млади дефанзивци во составот, Садику( 21 година) и Уронен(18 години).
Ова е составот: Pär Hansson - Erik Wahlstedt, Loret Sadiku, Walid Atta, Jere Uronen - Mattias Lindström, Ardian Gashi, May Mahlangu, Christoffer Andersson - Thomas Sörum, Alfred Finnbogason.

Сласк од друга страна пак, има проблеми со креативноста на средниот ред и со ефик
асноста на напаѓачите. Вечер најверојатно ќе играт резервниот напаѓач,бидејќи првите 2 избора за напад не се целосно физички спремни и се во конфликт со менаџерот.
Најверојатно добар избор тука би бил 0-2 гола 1.65

Можните 11 за Партизан за мечот со АЕЛ: Stojkovic - Aksentijevic, Ostojic, Ivanov, Volkov - Lovre, S.Markovic - L.Markovic, Babovic, Tomic - S.Scepovic

АЕЛ Лимасол ова лето доведе доста футбалери од кои најзвучното име е португалецот Орландо Са (екс-Фулам,Брага). Покрај Са, тимот го засилија и Maykon, Paulo Sérgio, Christis Theophilou, Rui Miguel, Ebo Andoh и Michalis Konstantinou. Лани АЕЛ го имаа најдобриот дефанзивен скор од сите лиги во Европа !

Фенербахче ова лето го продадоа Емре Белозоглу во Ат.Мадрид , но ги доведоа : Кујт(Ливерпул), Коркмаз(Бешикташ), Топал(Валенсија), Калдрим(Каисери) и Соу( Лил), а се чека потпис и на Јобо(Евертон). Од сите само Соу нема да биде на располагање за дуелот со Васлуи.
Ова е најверојатниот состав за вечер :
Volkan
Gokhan-Bekir-Egemen-Hasan
Mehmet Topuz-Mehmet Topal-Cristian-Stoch
Alex
Kuyt

Васлуи ова лето продадоа 7 играчи од ланскиот состав меѓу кои беше и мозокот на тимот Весли. За вечерашното гостување ќе бидат без важниот напаѓач Темваџера. Најсилниот дел на Васлуи се крилните офанзивни играчи.




GL!!

Вторник 01.08.2012 Прв ден од Август , Олимпијада, ЛШ и Копа Либертадорес

Олимписки игри , групна фаза 

Египет - Белорусија 
старт: 15:30 CET 

Последно коло од групната фаза и директен дуел за пласман во 1/4 финалето. На Египет им одговара само победа, додека на Белорусија им одговара и нерешен исход. 
Египет изгуби од Бразил со 3:2 и одигра нерешено со Нов Зеланд 1:1 , додека Белорусија го победија Нов Зеланд со 1:0, а загубија од Бразил со 3:1, иако прво поведоа во 
9-тата минута.
За овој меч очекувам Египет да тргне офанзивно , додека Белорусите да се бранат. Според составите, Белорусија има подобар тим ( овој тим играше одлично на Европското првенство до 21 година ) и дефанзивната игра и е главната карактеристика.
Египет пак нема добра дефанзива, но нападот му функционира,но мислам дека денес неквалитетната одбрана ќе игра главна улога и мислам дека Египет нема да помине во следната фаза.
Очекувам тврд меч со малку голови. Второпласираниот од оваа група ќе игра 1/4 финале со Јапонија или Хондурас.

Тип : 0-2@ 1.70

Јапонија - Хондурас
старт : 18:00 CET

Исто ко предходниот меч, само овде се игра за позиција во групата и избегнување на Бразил во 1/4 финалето. Јапонија после двете победи над Шпанија и Мароко е пласирана во 1/4 финалето, додека Хондурас сеуште не е математички пласиран,но шансите да не играт 1/4 финале се многу мали, бидејќи Мароко ( кој има 1 бод и заостанува 3 зад Хондурас ) треба да ја победи Шпанија со 2 гола разлика ,а Хондурас да загуби од Јапонија. Шансите тоа да се случи се минимални.
Така да ова е дуел за пласман и избегнување на Бразил во 1/4 финале. Јапонците најверојатно ќе одморат 2-3 клучни футбалери,но нема да прават преголеми ротации , додека Хондурас ќе биде без Еспиноза и Пералта ( првотимци).
Овој состав на Јапонија е најдобриот тим од Азија, во серија се од 10 победи ( вклучувајки ги и Азиските игри ) со само 1 примен гол !
Хондурас пак со победата над Шпанија го направија најголемото изненадување на Олимпијадата , а против Мароко извадоа нерешено со пеналот на Бенгстон и црвениот картон на Бергдих. Мислам дека денес ќе играт со 200% концентрација,бидејќи ако поминат во 1/4 финале ќе влезат во историјата на оваа нација. Очекувам Јапонија да одигра добро во дефанзивата , а истото го очекувам и од Хондурас, и на двете екипи им одговара пријателска средба и нерешен исход, па одам со нерешено.

Тип : X @ 2.85

Од другите средби Сенегал со победа над ОАЕ( најслабата репрезентација на Олимпијадата ) ќе се пласира во 1/4 финалето , па дури и може да заврши ко прв во групата , па сметам дека е зицер.
Кореа - Габон најверојатно ќе биде 0-2 гола , на Кореа им одговара нерешен исход , Габон нема некој квалитетет состав.
Шпанија очекувма да направат победа над Мароко и со тоа барем малку да го покријат срамот и да не завршат ко последни во групата , па победа на Шпанија и 3+/4+ би биле добар избор тука.
А кај Велика Британија - Уругвај очекувам многу,многу интересен футбал , можно е да видеме голови овде, директен дуел за 1/4 финале.
Мексико - Швајцарија , најверојатно 0-2 гола. Мексико им одговара и нерешено , до сега не примија гол, ниту од Габон, ни од Кореа , додека Швајцарија мора да победи и тоа со неколку гола разлика.

Па со среќа !! ;)