Резиме на вчерашниот ден :
Сеница - Злате Моравце FT 3:0 , Сеница т1 2+ @ 1.95 4/10 профит : + 3,8 units
Ливорно - Цитадела FT 1:2 , Ливорно 1 @ 1.85 3/10 губиток : - 3 units
Каљари -Катанија FT 3:0 , Каљари 1 @ 2.00 3/10 профит : + 3 units
Вкупен профит : + 3,8 units
WTA Stuttgart clay
Иванович - Бартел
Единствената причина заради која ќе одиграм на Иванович е тоа што Србинката подобро игра на земја од Бартел и фактот дека Бартел на земја игра прилично слабо , посебно на овој турнир каде се мачеше предходните години да ги помине квалификациите.
Бартел е млада и екстремно талентирана тенисерка, но не може да си ги контролира емоциите , што најчесто е причината за поразите.
Можеби овде би бил добар избор на над 20,5 гејма со огледна тоа дека и двете тенисерки се добри техничарки , Иванович има добра серва , бартел одличен форхенд , така да лесно може да се случи да видеме и 3 сета.
Како и да е и двете прв пат играт на земја оваа сезона, па одам со поискусната Иванович.
Тип : Иванович 1 @ 1.75 влог : 3/10
WTA Fes clay
Кузнетцова - Бегу
Одам со Питбулот овде. Глината и одговара на Кузнетцова прилично добро ( 115/45 во кариера ) и мислам дека денес ќе удри силно врз Романката , која исто така има солиден скор на земја во кариерата , но повеќето мечеви се на помали турнири.
Меѓусебе имат играно двапати , лани еднаш во Марбела, Шпанија каде Бегу победи во 3 сета со 2:1 и вториот пат Кузнетцова победи и тоа многу лесно на Ролан Гарос со 6:1 6:1.
Мислам дека и денес нема да и биде лесно , али сепак мислам дека на крај ќе победи со 4 гејма разлика. Бегу оваа сезона сеуште нема победа над врвна тенисерка , вчера се мачеше со Бабос иако победи со 2:0 , додека Кузнетсова е прилично агресивна и ко шо реков , земјината подлога и одговара.
Тип : Кузнетцова -3,5 @ 1.90 влог : 4/10
Шпанија ACB лига кошарка
Севиља - Валенсија
Иако не ми се игра против Валенсија во овој период , сепак мислам дека уморот ќе ги стигне , играа Фајнал Фор на Еврокупот , и тоа 2 тешки натпревара , играа и два дуела во шпанската лига со Билбао и Фуенлаблада и тоа во рок од 10 дена , додека Севиља одигра само 2 меча во тој период.
Двете екипи се во добра форма , Севиља е 7-3 , Валенсија 8-2 на последните 10.
Првиот дуел оваа сезона го доби Севиља со 4 коша разлика во гости.
Ова можеби ќе биде борба за 4-тата позиција која во плејофот носи предност на домашен терен , па и двете екипи со победа би биле на добар пат да ја осигураат таа позиција на 4 кола пред крајот.
Валенсија денес ќе биде без двојца играчи , додека Севиља е комплетна.
Одам со победа на Севиља базиран на фактот дека Валенсија може да има замор и фактот дека ќе им фали центарот.
Тип : Севиља 1 @ 1.70 влог : 3/10
Засега толку , ако имам уште некој тип , ќе го постирам на ФБ страната : http://www.facebook.com/lovedamoney86
GL !!
No comments:
Post a Comment