Tuesday, October 9, 2012

Вторник 09.10.2012

Немаме некоја интересна понуда денес, па главен фокус ќе ми бидат ATP Мастерсот во Шангај, WTA турнирот во Линц , Johnson's Paint Trophy купот во Англија.

Мастерсот во Шангај се игра на тврда подлога и е огромна шанса за неколку тенисери да земат значајни бодови во трката за учество на завршниот турнир во Лондон. Победникот на овој Мастерс зема 1000 поена , додека наградниот фонд на турнирот е 3,240,000 $.
Трката за Лондон е од 5-тата позизија која ја држи Ферер , па се до 16-тата позицијана АТП ранкинг листата која ја делат Колшрајбер и Жил Симон. Лани овој Мастерс го освои Мареј со победа на Ферер. Бидејќи се игра во Кина, временската разлика е голема со Европа, па скоро сите дуели за денес завршија, останаа уште Штепанек-Хјуит и Монако-Вердаско.

Штепанек - Хјуит 1.60  2.20

Штепанек никогаш нема стигнато до 3-тото коло од овој Мастерс. Имат 3 предходни настапи овде , една елиминација во првото коло и две елиминации во второто. Бидејќи е 41-ви на АТП ранкингот не гони место во Лондон, туку тука е само заради парите. Сепак главен фокус на Штепанек очекувам да биде Дејвис Куп финалето против Шпанија што ќе се игра во Прага следниот месец. Мислам дека тука нема многу да се мачи, има лоша историја на овој турнир, стар е ( 33 години ) и јасно му е дека нема многу шанси за голем успех тука,па очекувам главен фокус да му биде финалето против Шпанија.
Хјуит од друга страна пак оваа сезона делуваше добро и најдобрата форма му беше летото кога играше финале во Њупорт ( загуби од Ишнер ). Ова ќе му биде прв настап на Мастерсот после 3 години , последен пат играше 2009 , беше елиминиран во второто коло. Не сум сигурен за неговиот фитнес бидејќи оваа сезона не играше многу , 27 дуели од кои победи на 14. Тврдата подлога му е специјалност.
Мислам дека мала предност има Хјуит овде, но како што реков не сум сигурен занеговото здравје и фитнес. Има поголем квалитет од Штепанек, временската разлика му повеќе годи ( бидејќи е од Австралија , за разлика од Штепанек кој е од Чешка ) и подлогата му лежи. Обично европјаните имат проблеми на турнирите во Азија. Мислам дека токму тие факти : фокусот на финалето против Шпанија, временската разлика, и подлогата му одат во прилог на Хјуит, па според тоа коеф не би требало да биде толку висок и има вредност и вреде да се ризикува. одам со победа на Хјуит.

Тип : Хјуит @ 2.20

Монако - Вердаско  1.50 2.50

Скоро се оди во прилог на Монако. 2012 е годината на неговиот најдобар ранкинг( моментално е 10-ти во светот ). Формата му е добра, пред 10 дена го освои турнирот во Куала Лумпур , што му беше и прва титула на тврда подлога во кариерата. Ова ќе му биде 4-ти настап на овој Мастерс, предходно во 2011 беше елиминиран во првото коло, во 2010 играше полуфинале , а во 2009 истотака падна во првото коло. Доколку сака да игра на завршниот турнир во Лондон , ќе мора да освои колку што може повеќе бодови.
Вердаско оваа сезона делуваше не толку добро, на момнти покажа дека сеуште има нешто во него , но сепак ова не е добра сезона за Шпанецот. Тврдата подлога не му лежи, а исто така и играњето воАзија не му лежи. Ова ќе му биде 3-ти турнир во Азија ( во Банког испадна во 1/4 финалето,но немаше тешки противници и ги помина со големи маки, а во Пекинг падна во првото коло. Во првото коло во Шангај го елиминираше јапонецот Соеда Го со 6:2 6:4.
Меѓусебните дуели се во корист на Монако кој води 7-3.
Можно е тука Вердаско да даде голем отпор, можно е да видиме 3 сета овде.

Над 22,5 поени @ 1.90

WTA турнирот во Линц не носи многу пари и поени ,но сепак привлече доста клавитетни тенисерки. Победникот си заминувасо 280 поени на WTA ранкинг листата и 37,000 $ на сметката. Денес се игра првото коло, а преноси ќе има на Eurosport.

Викмаер - Бурдет  1.70  2.20

Тука одам со поголем влог на Викмаер.
Многу поквалитетна и поискусна тенисерка е од младата 21-годишна Американка.
Причината за високиот коеф на Викмаер е нејзината психичка состојба. Премногу е кршлива и мали проблеми против Бурдет може да и предизвикат тешки психички реакции. Поради тоа имаше лоша сезона , сега за сега. Сепак мислам дека ова треба да биде пресврт за неа, победа тука би и вратило дел од самодовербата, квалитетот го има, па против млада и неискусна тенисерка би требало да победи.

Тип : Викмаер @ 1.70

Повеќе типови покасно ;)


Saturday, September 29, 2012

Сабота 29.09.2012

Германија Цвајта 

Минхен 1860 - Сандхаузен 

Старт : 13:00 

Понудени се коеф кои не можам да ги одбијам. За т1 2+ имам 1.70 коеф , додека за азиски хендикеп -1,5 имам 2.45. Одам со два сингла овде. 
Минхен се први фаворити за промоција во Бундеслигата, денес ќе бидат со фул ростер ( им дали само Макос кој е повреден од почетокот на сезоната ). Ќе се игра пред полн стадуим(имајте на ум дека во М
инхен се слави Октемберфест, па атмосферата ќе биде позитивна ).
Сандхаузен е без 6 играчи од кои : Шауерте ( првотимец , среден ред ), Адлер ( напад ) , Даненберг ( среден ред,без настап), Клотц ( среден ред ) , Реиман ( напад ) , Дорн ( напад ). Во средата загубија дома од Регенсбург ( 1:2 ). Очекувам Минхен овде да го растргне Сандхаузен.

Тип : Минхен 1860 Т1 2+ @ 1.70
влог : 1000 денари
Можна добивка :1700 денари
Можен профит : 700 денари

Тип : Минхен 1860 -1,5 @ 2.45
влог : 400 денари
Можна добивка : 980 денари
Можен профит : 580 денари
почетна банка ( 01.09.2012 ) : 10.000 денари
моментална банка : 9.043 денари

Се мислам и за дабл со Котбус x2 , Унион има тројца првотимци коинема да играт денес, во лоша форма се , а Котбус без проблеми и е второпласиран во добра форма. И понуден е коеф 1.60 за x2 ?! Fuck logic :D