Saturday, April 7, 2012

07.04.2012

Скоро перфектен ден вчера , 7/8 типови беа добитни , единствено Сампдорија разочараа со поразот во 94-тата минута.

Резиме на вчерашниот ден :

Рединг - Лидс FT 2:0 , 0-2 @ 1.90  3/10  профит :  +2,7 units
Кротоне - Сампдорија  FT 1:0  , Сампдорија 2 @ 2.50  3/10  губиток :  - 3 units
Трактор - ОМСК  FT 0:1  , под 4,5 голови @ 1.90  3/10  профит : + 2,7 units ;  ОМСК 2 @ 2.45  2/10 профит : + 2,9 units
Индијана - Оклахома FT 103:98 , Индијана +3,5 @ 1.90  3/10  профит : + 2,7 units ; над 200,5 поена @ 1.90  3/10  профит : +2,7 units ; Индијана над 98,5 поена @ 1.90  3/10  профит : + 2,7 units
Звонарева - Сафарова FT 0:2 , Сафарова +2,5 @ 1.95  3/10  профит : + 2,85 units , Сафарова 2 @ 2.35  2/10  профит : + 2,7 units

Вкупен профит : + 18,95 units !

Продолжуваме со викендот !

England Championship

Southampton - Portsmouth

Регионално дерби , полно со страсти , назависно од позицијата на табелата кога овие 2 екипи се сретнат , натпреварот е секогаш полн со страст и жар.
Саутемптон се моментално втори во втората лига , и по вчерашната победа на Рединг паднаа на втората позицја со 1 бод заостанување од првата каде беа пред 24 часа. Меѓутоа и Вест Хем победи на вчерашниот дуел , па разликата помеѓу нив и Саутемптон се стопи на само 3 бода на 5 кола пред крајот , што го прави овој наптревар , покрај тоа што е дерби , must win меч за Саутемптон. Можно е за овој меч Ламберт ( најдобриот стрелец ) да се врати во тимот , но сеуште е неизвесен неговиот настап.
Портсмут од друга страна пак е закован на дното од табелата , има огромни финансики проблеми , а денес ќе настапат без Мокоена и Кану. Моментално се 23-та екипа и го држат предпоследното место на табелата и заостануваат 5 бода зад 21-во пласираниот Ковентри , позиција која носи опстанок. меѓутоа дури и да се изборат за опстанок , играњето во Чемпионшип дивизијата не им е загарантирано поради огромните финансиски проблеми , 2 пати во една година објавија стечај.
Саутемптон по традиција е поуспешен во натпреварите од ова дерби , има 19 победи од 37 средби , Посртсмут е со само 9.
Порстмут е во лоша форма  и е 2-2-6 на последните 10 , додека Саутемптон е спротивно од тоа со 7-2-1 на последните 10. Портсмут исто така нема постигнато гол на последните 4 гостувања во лигата ( сите 4 порази), додека Саутемптон има примено само 1 гол на последните 4 меча кои ги одиграл дома ( 3 победи 1 нерешена).
Тука неколку фактори ми укажуват на победа на домашните , па одам со неколку типови ( имајте на ум дека е огромно регионално дерби , па помали влогови ) :

Тип : Саутемптон -1,5 @ 2.40   влог :  3/10  ;  Саутемптон двојна победа @ 4.00  влог : 2/10 ; Саутемптон дава гол во двете пол @ 2.10  влог :  3/10

Spain ACB кошаркарска лига

Валенсија - Хувентуд

Тука ќе одам со тип базиран на статистика.
Додешната понуда за вкупно поени на овој меч е поставена на 148,5 поена. Во последните 8 меѓусебни средби , 8 пати ја поминале оваа граница. Знам дека на секоја серија и иде крај , но Валенсија во последно време покажува офанзивна игра и се во добра форма , без повредени кошаркари , додека кај Хувентуд ќе фалат двојца кошаркари од кои Начо е клучен.
Очекувам Хувентут да стигне до 70 коша ( на последните 5 гостувања , 3 пати минаа над 70 ) додека Валенсија да мине над 80 ( на последните 5 средби дома , 3 пати минаа над 80 коша).

Тип :  Над 148,5 поена @ 1.90   влог : 3/10

Bundesliga

Keln - Bremen

Две екипи во лоша состојба.
Атмосферата во соблекувалната на Келн е многу лоша. Играчите се во војна со менаџерот, дисциплинта е на ниско ниво , па Новакович ( ланскиот најдобар стрелец на тимот ) е преместен да тренира со резервниот состав на Келн , Алдерзињо се повреди на тренинг , а  Келн на последните 3 средби во Бундеслигата доживеа тотална катастрофа примајки 12 гола , а давајќи само 3 и моментално го држат 16-тото место со само 2 бода разлика од Херта која е на 17-тата позиција која носи релегација на крајот од сезоната. Поради ваквиот развој на настани раководството на Келн ги стави футбалерите на 3 дневен карантин со цел да се сконцентрират за денешниот меч.
Кај Вердер ситуацијата исто не е добра. Висе , првиот голман на екипата со години , најави дека ќе си замине од клубот на крајот од сезоната , имаа лоша форма ( 2-4-4 на последните 10 ) и постигнаа само 1 гол на последните 3 меча. Да е ситуацијата полоша , пола прв тим им е повреден , па : Арнаутович , Налдо , Продл , Хунт , Екичи , Боровски се повредени.
Важен меч за двете екипи , Келн му се потребни бодови во борбата за опстанок , додека вердер се надева на излез во Европа. Како и да е мислам дека нема да видеме многу голови овде , со оглед на горните факти.

Тип : 0-2 @ 2.00    влог :  3/10

Аргентина Kлаусура

Бока Јуниорс - Аргентинос Јуниорс

Одам со следниов тип бидејќи ми се допаѓа коеф.
Бока моментално е најпрецизната и најефикасната екипа во нападот , моментално се екипата со најдобар напад ( 16 дадени гола на 8 средби ). Играт офанзивен футбал и на последните 5 средби на домашен терен имат 4/5 натпревари со дадени 2 и повеќе гола. Денес ќе им фали само Самоза , првотимец од средниот ред.
Аргентинос пак се втората најдобра гостинска екипа моментално без пораз во гости , но денес ќе им фалат двојца првотимци од одбраната.
Фактот дека Бока го има најефикасниот напад , а Аргентинос се ослабени во одбраната и фактот дека Бока на последните 5 меѓусебни средби на домашен терен , има 4/5 со дадени 2 или над 2 гола против денешните противници , ме уверува во фактот дека можно е и денес Бока да постигне над 2 гола. Понудата на коеф за овој тип на игра ми се допадна , па ќе го одиграм.

Тип : Бока т1 2+ @ 1.90    влог: 3/10

GL !!

p.s. Покасно ќе ставам уште некој тип од тенис , NBA и NHL , сеуште нема квоти за денешните натпревари ;)

No comments:

Post a Comment