Monday, April 9, 2012

09.04.2012

Просечен ден вчера ,4/7 погодени, минимална загуба но,  успешна недела , Сафарова разочара тотално губејќи со 6:0 6:1 од Серена , додека Литвус Ритас победија со 4 разлика и за пола поен немавме среќа со тој тип. Се друго влезе според планот :)

Резиме на вчерашниот ден :

Локомотив Кубан - Жалгирис FT 72:44 , Локомотив 1 @ 1.70  4/10  профит : + 2,8 units
Новгород - Ритас FT 60:64 , Ритас -4,5 @ 1.90  5/10   губиток . - 5 units
Сафарова - Вилијамс FT 0:6 1:6 , Сафарова +5,5 @ 1.90 4/10  губиток : - 4 units ; over 19,5 @ 1.90  3/10  губиток : - 3 units
Бостон -Филаделфија FT 103:79  , Бостон -4,5 @ 1.90  3/10  профит . + 2,7 units
Хјустон - Колорадо FT 3:2 , Хјустон 1 @ 2.10  2/10  профит :  + 2,2 units
Вестел - Галатасарај FT 0:4 , 4+ @ 1.95  3/10   профит : + 2,85 units

Вкупен губиток : - 1,45 units

Понеделнички :

Италија Сериа А кошаркарска лига

Биела - Варесе

Имаме дуел помеѓу две екипи кои се со спротивна форма , Биела се 3-7 на последните 10 средби ,врзаа 3 порази во серија и паднаа на 11-тата позиција. Варесе од друга страна е 5-5 на последните 10 , игра топло ладно , во подобра форма е од Биела и се наоѓа на 8-мата позиција.
Варесе на теренот на Биела игра добро , на последните 2 гостувања има 2 победи , а на првата средба оваа сезона на домапен терен ги победија гостите со 6 разлика. Биела е екипа која зависи од двојца играчи и е со мал ростер , додека Варесе се бори за плејоф позиција и моментално делува во подобра форма. Ниедна екипа нема проблем со повреди или суспензии.
Мислам дека според формата , традиција и важноста на бодовите , Биела не би требало да биде фаворит , па одам со хендикеп на Варесе.

Тип : Варесе +3,5 @ 1.90   влог :  3/10

Шпанија ACB кошаркарска лига

Каха Лаборал - Реал Мадрид

Едноставно овде ќе одам против фактите и движењето на коефициентот.
Прво најважната вест доаѓа од тимот на Мадрид кои останаа без Керол ( најдобриот стрелец на Реал) , тое е една од причините зошто паѓа коеф. Второ , ова ќе биде прв натпревар на Каха во новата арена која ја отвараат денес и која ќе собере околу 15.000 напалени Баскијци ( знаеме релација Баскија - Мадрид ) , друго првиот центар им се враќа после долго време од повреда во тимот и Ночиони ( добро засилување ) ќе го одигра првиот меч пред домашната публика. Тоа се главните вести и причините зошто паѓа коеф на Каха ( од 1.90 на 1.60 моментално ).
Меѓутоа Реал не е наивна екипа , мислам дека Керол лесно можат да го заменат поради големиот ростер и сепак имат огромен бројна квалитетни кошаркари , додека Каха може да крахира од желбата да го победи Реал и од притисокот бидејќи се очекува да го победат Реал.
Реал во последните неколку натпревари има добра традиција против Каха ( 4 победи на последните 5 меѓусебни средби ) , оваа сезона ги победија во првиот дуел дома со 11 разлика.
И двете екипи се во идентична форма ,7-3 на последните 10 , и мислам дека ова ќе биде ептен тесен меч , многу емоции и нервоза , и мислам дека моменталната понуда за победа на Реал и хендикеп ми се мал value bet , па одам со 2 типа.

Тип : Реал 2 @ 2.30   влог :  2/10  ;  Реал +3,5 @ 1.90  влог :  4/10

Финска SM хокеј лига

Блуес - Пеликанс

Едноставно ми се допаѓа коеф за гостите.
Домашната екипа веќе направи едно чудо во 1/4 финалето кога се вратија од 3:0 губиток во сериата против најсилната екипа во лигата и ги победија со 3:4 и се пласираа во полуфиналето. Мислам дека тоа ги исполни ментално и мислам дека овде им завршува бајката :)
Пеликанс водат во 1/2-налната серија со 1:2 . Пеликанс се втората најдобра екипа во Финска , додека домашните играа премногу наптревари и се најмалата екипа. Мислам дека гостите нема да загубат денес и одам со азиски хендикеп.

Тип : Пеликанс DNB @ 1.77   влог :  4/10

Португалија Суперлига

Спортинг - Бенфика

Огромно дерби во Лисабон , ќе биде ова добар натпревар за гледање.
На Бенфика бодовите им се повеќе потребни одколку на Спортинг , али нема да ставам пари на нив. Одам со статистички тип кој вели дека на последните 7 меѓусебни средби меѓу овие 2 големи ривала 6 пати било 0-2 гола , а само еднаш 3+. Очекувам таа традиција да продолжи , а во прилог оди и тоа што Спортинг ја има втората најдобра одбрана во лигата , а Бенфика ја има третата најдобра одбрана. Спортинг дома има примено само 6 гола на 12 средби , додека Бенфика има примено само 8 гола на 12 гостински средби. Плус и фактот дека ова е огромно дерби и влогот е голем посебно за Бенфика , мислам дека нема да видеме меч со многу голови.

Тип:  0-2 @ 1.70   влог :  4/10

GL !!

No comments:

Post a Comment