Tuesday, July 31, 2012

Вторник 31.07.2012

Лига на Шампиони - трето коло ,квалификации

Мотервел - Панатинаикос 
старт : 20:45 CET

Мотервел игра ЛШ за пвр пат во нивната иторија и овде се само поради тоа што Ренџерс банкротираа и Мотервел завршија ко втори во Шкотска. Квалитетот на екипата е 2-3 класи под Пана, пример најсилното засилување кое го доведоа ова лето доаѓа од Бредфорд (4-та лига Англија). Имат многу мал состав ( 19 футбалери вкупно), а одбраната им е премлада и неискусна. )од 7 одбрамбени футбалери , 5 се под 21 година.
Исто и нападот , од 4 напаѓачи , тројца се под 22 години.
Плус и ќе бидат без Саундерс ( дефанзивец,клучен).
Менаџерот сам кажа дека екипата е преслаба во одбраната и дека нема да игра дефанзивно.
Пана веќе со години е дел од ЛШ, но оваа екипа во пследните неколку години игра слабо,згора на се имаат и финансиски проблеми. Неколку футбалери тренираа одделно заради мали повреди.
Мислам дека сепак ќе видеме тврд дуел. Пана не се офанзивна екипа , додека Мотервел претрпе многу промени ова лето и се млада и неискусна екипа.

Тип : Панатинаикос 2 @ 1.90

Monday, July 30, 2012

Понеделник 30.07.2012

Пеколно жешко лето и мал избор на натпревари за правење парички .. Лоша комбинација :)
Но секој меч е потенцијална добивка, па нема многу летно хибернирање. Почнуваме понеделнички по поладните скандинавски првенства.

Брондби - Силкеборг
старт: 19:00 CET

Дуел на две изедначени екипи каде домаќинот ни е даден ко мал фаворит.
3-то коло од првата Данска лига, и ова првенство не почна добро за Брондби. Одиграа 2 натпревара , и двата ги загубија. Силкеборг победи во првото коло против Ејсберг со 3:2,па загуби дома во следното коло од Хорсенс 0:2.
Карактеристично за Брондби е тоа што оваа екипа е многу млада, да поченеме од нападот : Кристоферсен има 21 год, Акповета 20 , а Крон-Дели има 29 ,тој им е и најдобар играч и најмногу вреди од сите футбалери во тимот , па затоа и ќе биде продаден во скоро време бидејќи Брондби има проблеми со финансиите. Средниот ред им е : Сему 19 години, Ларсен 21, Јенсен 24 , Гертх 20. Одбраната исто млада : Думич 20 години, Нороузи 20, Стендеруп 23,Рандруп 24 и најстар првотимец им е американецот Гудсон со 30 години. Голманот Тернес е 26. Многу млада екипа. За денешниот дуел ќе бидат целосни.

Силкеборг е поискусна екипа , има постари футбалери во своите редови,помал состав од Брондби, денес ќе бидат целосни ,немат суспендирани или повредени. Истиот тим од лани , не направија скоро никакви промени во составот. И традицијата во поновата историја меѓу овие два клуба оди во корист на гостите.
Од 2009 година наваму имат играно 9 пати, Силкеборг има 4 победи , 3 биле нерешени , а Брондби успеал да победи само на 2 дуела. На тие 9 меѓусебни дуела , 7 пати било 3+ , од кои 3/4 биле на домашниот терен на Брондби.

Реално ако гледаме според досега прикажаното коеф на Брондби не преставува никаков value, туку вредноста на коеф лежи најверојатно во нерешениот исход ( од последните 4 меѓусебни во Брондби , 2/4 завршиле со нерешен исход). Силкеборг од 2001 година па наваму има само една победа на теренот на Брондби , а со оглед на тоа дека и двете екипи се доста изедначени мислам дека нерешен исход тука би бил најдобра опција. Втора опција би била 3+ @ 1.80, бидејќи овие 2 екипи често играт со доста голови меѓусебе.

Тип :  X @ 3.30   или  3+ @ 1.80


Монако - Тур
старт : 20:20 CET

Мислам дека ова денес е најиграниот пар од понудата.
Знаеме дека Монако минатата година беше купен од руски милијардер , беа донесени доста квалитетни засилувања плус ко менаџер е доведен и Клаудио Раниери , финансиски се најсилната екипа во Втората лига , а и на хартија се најквалитетната екипа од Втората лига. Многу кладилници очекуваат Монако лесно да се врати во Прва лига и тоа како шампион оваа година. Раниери го најави стилот на игра на Монако за оваа сезона и цитирам : „малку шпанска креативност, малку италијански стил и малку англиска пожртвуваност.“ Како ќе му успее овој експеримент , ќе видеме.
За денес можеби ќе имат малце проблеми. Баразите,Апиа,Кулибали,Курзава, Сали и Рибас нема да настапат на денешниот дуел. Скоро сите се скапи засилувања. Но сепак Монако сеуште има добар состав.
Тур ова лето го напуштија доста футбалери , всушност сите најдобри футбалери си отидоа, па тренерот ( кој е познат по тоа што сака да работи со младинци) најави дека целта на Тур оваа сезона е опстанок во лигата. Згора на се , ќе им фалат и 5 футбалери за денешниот меч.
Не знам колку е важна традицијата ( со оглед дека двата тима се тотално различни од лани) ,но сепак ќе ја спомнам : 3 одиграни меѓусебни дуели , сите 3 завршени со ист резултат , 0:0. Тоа е поновата меѓусебна историја.
На подготвителниот период , Тур не успеа да направи ниту една победа , додека Монако загуби само од Њукасл.
Коеф , реално гледано не е лош @ 1.80 , и преставува мал value , но не знам колку влијание ќе имат квалитетните изостаноци кај Монако , иако е прво коло и почеток на првенството. Очекувам тур да излезе и да одигра бункер , додека Монако , познавајќи го Раниери , ќе игра претпазливо и ќе оди на 1:0 или 2:0. Сепак прво коло , многу непознати , па одеме само со победа на Монако,иако би ризикувал и со 0-2 гола.

Тип : Монако 1 @ 1.80

Другите мечеви се градското дерби меѓу Хакен и ГАИС , најверојатно победа на Хакен , ГАИС оваа сезона се премногу лоши. Следен дуел е последниот меч од Норвешка помеѓу Валеренга и Бран каде оечкувам офанзивен футбал и Валеренга да даде 2 гола. И од Финска имаме Интер Турку - Марихам, каде Турку е премногу непредвидлива екипа ( 2:0 дома со Хелсинки , 1:1 во гости со Твенте , 0:6 во гости кај Купс и 0:5 дома од Твенте) , а Марихам пак е екипа која 4 меча нема постигнато гол на во Турку , притоа губејќи ги сите 4 дуела. Тука најверојатно би ризикувал со 0-2 гола или Марихам не дава гол.

Па со среќа и да направиме некој $$$$$ ;D