5 дена одмор и продолжуваме повторно :)
Словачка Куп полуфинале , реванш натпревари
Сеница - Злате Моравце
Не гледам како гостите би имале шанса во финалето со оглед на следниве фактори :
- Злате Моравце денеска ќе биде без 8 играчи , од кои Павлович( стандарден дефанзивец) , Брчак ( втор најдобар напаѓач) , Бабич ( стандарден везен играч ) , Чрен ( стандарден дефанзивец ) , Паур ( стандарден везен играч) , Ходек ( најдобриот напаѓач и прв стрелец ), се првотимци.
- Порави повредите и суспензиите , Моравце ќе бидат принудени во нападот да играт со напаѓачи кои досега немат ниту еден настап за клубот.
- Сеница дома има цврста одбрана , 9 примени гола на 15 натпревари и само 2 порази.
- Ова ќе биде 4 меѓусебен дуле меѓу овие два тима на теренот на Сеница , каде домачинот има 2 победи а гостите една победа. Во сабота повторно игра меѓусебе , но во првенството , Сеница гостува во Моравце.
- Домашните немат проблеми со составот.
Мислам дека Сеница нема да ја испуштат оваа шанса, и најверојатно ќе играт со Жилина во финалето , па со тоа и самиот пласман во финалето би им донел излез во Европа. Бидејќи не сакам многу да играм на конечен тип на вакви лиги , одам со следниов тип :
Тип : Сеница т1 2+ @ 1.95 влог: 4/10
Италија Serie B
Ливорно - Цитадела
Ова ќе биде многу, многу емотивен натпревар за навивачите , играчи , клубот и сите поврзани со Ливорно. Прв меч после трагичната смрт на Моросини.
Ливорно оваа сезона иако се најавуваше декаќе се бори за Сериа А , се бори за опстанок во Сериа Б. 3 бода овде би им завршиле доста работа. За денешниот меч имат двојца стандардни везни играчи кои се неизвесни за настап , освен тоа тимот е целосен.
За разлиак од нив гостите имат доста проблеми со составот , па има фалат 7 играчи , и тренерот на Цитадела мораше да поведе само 19 играчи од кои тројца се од јуниорскиот состав.
Статистиката вели дека во средбите на овие две екипи гостинот никогаш не победувал 0/8. Првиот меч заврши со 2:2. Ливорно во последните 10 средби е 10/10 со ГГ , додека Цитадела е 7/10.
Според мене имаме 3 избора за типови од овој меч : Ливорно 1 , Ливорно т1 2+ и ГГ. Мислам дека екипата ќе одигра емотивно , ќе го посветат овој меч за Моросини , публиката ќе биде од голема помош , додека на Цитадела бодовите сега не им се толку многу важни со оглед на тоа дека се 10 бода разлика од првото место кое води директно во Сериа Ц. Ќе одам со победа на Ливорно.
Тип : Ливорно 1 @ 1.85 влог: 3/10
Сериа А
Каљари - Катанија
Се игра на неутрален терен во Трст.
Иако сметам дека коеф е краток за победа на Каљари со оглед на тоа дека играт надвор од својот стадион , сепак сметам дека ова е must win натпревар за нив.
Катанија има 46 бода , 11 повеќе од Лече на 5 кола пред крајот и практички има веќе обезбеден опстанок ,додека Каљари е во полоша ситуација со 38 бода и само 3 бода предност пред Лече.
Каљари денес ќе биде без првиот голман и тоа е се што ќе им фали на овој меч , додека Катанија ќе биде без неколку првотимци пред се : Каризо ( прв голман , одличен оваа сезона ) , Легротале ( најдобриот дефанзивец ) , Бариентос ( стандарден напаѓач ) , Алмирон и Изко ( клучни везни играчи ) , плус и фактот дека 7 играчи се на 1 жолт картон од суспензија за следниот меч , кој е од огромно значење за Катанија и фановите , дуелот со најомразениот и регионален ривал Палермо. Сепак имат подобар состав и подлабока клупа од Каљари.
Како и да е , одам со победа на Каљари , ова им е многу важен меч во борбата за опстанок , додека за Катанија нема многу значење и не верувам дека ќе форсират премногу со оглед на тоа дека ги чека дуел со Палермо во сабота.
Тип : Каљари 1 @ 2.00 влог . 3/10
Толку од типовите за денес , ќе додадем и само некое ектра инфо:
- Локомотив Кубан ( Русија баскет ) денеска ќе игра со јуниори против Уникс , ниту еден првотимец нема да настапи на овој меч.
- Аталанта последните 4 натпревара ги игра против : Фиоре ( директен меч во борба за опстанок ) Лацио , Милан и Јувентус. За денешниот меч им се враќа најдобриот стрелец Денис и Цигарини ( клучен везен играч).
- Петкович ќе го игра првиот меч после 2 месеци пауза , денес игра против Бароис каде е ставена како голем фаворит , а се игра во Штутгард ( Петкович е германка ).
GL !!
No comments:
Post a Comment