Saturday, March 31, 2012

Сабота 31.03.2012

Резиме на вчерашниот ден :

Надал - Мареј , Надал го предаде мечот , коеф 1.00

Манхеим - Хамбург , Манхеим 1 @ 1.65   4/10  FT  3:1  профит :  +2,6 units

Мец - Булоњ , Мец 1 @ 2.20  3/10  FT  1:0  профит :  + 3,6 units

Бафало - Питсбург , Бафало 1x @ 1.61  4/10  FT 3:5  губиток : - 4 units

вкупен профит :  + 2,6 units


WTA Masters Miami

Шарапова - Радванска

Финале. И тоа многу интересно финале. Со оглед на тоа дека Азеренка испада од дебелката Бартоли , сега е полесно и на двете тенисерки на кои Азеренка оваа сезона им беше ноќна мора.
Шарапова игра агресивен тенис , прилично добар тенис , одличен форхенд , мали проблеми има со сервисот , огромна мотивација и мислам дека моментално е во најдобрата форма во последните 3 години и оваа сезона е 18-3 , од кои 16-2 на тврда подлога.
Радванска е прилично интересна тенисерка , има одличен ретрн , одличен осет за тенис и снаоѓање на теренот , единтвен проблем и е менталниот . лесно крахира доколку се уплаши од противникот , многу јасен доказ за тоа е фактот дека оваа сезона загуби само на 4 меча и сите 4 беа од Азеренка , тенисерка од која може да се каже дека има тениски комплекс.
Шарапова е втора во светот и тоа заслужено , истото важи и за Радванска која е 4-та на светската ранг листа. Во меѓусебните дуели води Шарапова го огромна предност 7-1 и има серија од 6 победи против Радванска , 5 од тие победи беа на трвда подлога.
Очекувам интересен дуел , тесен меч , можно е 3 сета.

Тип :  Шарапова @ 1.70    влог :  4/10

Турција Суперлига

Галатасарај - Ордуспор

Гостите ќе бидат без двојца многу важни играчи , Кулио и Станку кои заедно имат постигнато 15 од вкупните 28 гола за Орду. Галата гони победа со цел да има поголема предност во трката за титулата и овој меч им доаѓа ко кец на десетка. Немат проблеми со составот , атмосферата е добра , подржката е добра и мислам дека тука ќеги потопат Орду.Одам со победа на Галата од 2 и повеќе гола.

тип :  Галатасарај -1,5 @ 1.82   влог :  4/10

Италија Сериа А

Катанија - Милан

Морам да кажам дека ми се допаѓа начинот на кој Катанија игра футбал , играт паметно стрпеливо , чекат грешки на противникот , знаат добро да нападнат , заслужено им е местото на табелата , но не верувам дека ќе гонат позиција која води во Европа. Дома се прилично цврста екипа , фактот дека примаа 9 гола на само 14 меча на домашен терен , а загубија само 2 од тие 14 меча , доволно говори сам за себе.Имат неколку играци во аут , но не се многу значајни.
Милан од друга страна играше многу тешок меч со Барселона во средата , а ги чека реванш следната недела во Барселона и влогот е огромен ( пласман во полуфинале на ЛШ ). Имат доста повредени играчи , најверојанто ќе бидат заморени и посконцентрирани на мечот со Барса со оглед на тоа дека им бегат на Јуве 4 бода во трката за титулата во Италија.
Од кога Катанија се врати во Сериа А , сите мечеви одиграни на свој терен против Милан ги одиграле тврдо и сите биле 0-2 гола ( 6/6 ) , Милан има 3 победи во серија со индентичен резултат 0:2 на Сицилија.
Очекувам уште еден тешокмеч , Катанија традиционално има добра одбрана дома , одлична пеколна атмосфера , Милан е заморен од мечот со Барса и на ум им е реваншот , така да мислам дека и двете екипи ќе бидат задоволни со нерешено , 1:1 најреалистичен исход.

тип : 0-2 @ 1.75   влог :  4/10


GL !!

Friday, March 30, 2012

Петок 30.03.2012

Резиме на вчерашниот ден :

Шалке - Билбао  FT 2:4     Шалке 1 @ 2.20  промашено :  - 3 units   сепак , cover bet-от излезе т1 2+ @ 2.15
Шарапова - Вожниачќи  FT 2:1    Шарапова 1 @ 1.90   4/10  добитен :  + 3,6 units
Фиш - Монако FT 0:2 Огромно разочарување од Фиш , катастрофална игра  , Фиш -3,5 @ 2.10  3/10 промашено : - 3 units
Бостон - Вашингтон FT 2:2 , Бостон 1 @ 1.90  3/10  промашено :  -  3 units
Њу Џерси - Тампа  Тотално очекуван резултат  FT 6:4   Њу Џерси 1 @ 1.80  4/10 добитен:  +3,20 units , над 5,5 голови @ 1.75  4/10 добитен : + 3 units

Вкупен профит :  0,8 units :)  минимален профит

Продолжуваме со преродбата :D


ATP Masters Miami

Nadal - Murray

1/2 финале и дуел помеѓу двојца тенисери кои се знаат меѓусебе многу добро со огледна тоа дека имат одиграно 19 меѓусебни дуели , од кои Надал има победено 13 , а Мареј 6.
Лани играа 5 пати , 4 победи на Надал , Мареј победи само во Токио.
Не ми се допаѓа многу формата на Мареј и на овој Мастерс имаше и по малце среќа , единствено Типсаревич му нанесе потешки проблеми и му зеде сет.
Надал од друга страна делува агресивно , мотивирано , игра добро , мада со Тсонга направи неколку нетипчни грешки и мораше до крај да игра нервозен и неизвесен меч каде Надал имаше среќа што Тсонга се изнапромашува.
Не го гледам Мареј ко голема опасност за Надал , коеф на понуда ми е солиден и одам со победа на Надал.

тип : Надал @ 1.70    влог :  4/10


Германија DEL хокеј лига , плеј оф натпревари

Mannheim - Hamburg

1/4 финале , Манхеим води во серијата со 3-1 и со победа овде ќе се пласира во 1/2 финалето.
Манхеим е поквалитетната екипа тука , без двојба. Во предходните 4 дуели , тотално го надиграа Хамбург во 3 од тие 4 меча , додека еден загубија малку несреќно. Манхаим победи со 4:0 дома и со 1:8 и 1:3 го гости во Хамбург , додека единствениот пораз во плејофот го претрпеа дома со 1:2.
Очекувам Хамбург да одигра очаен хокеј сооглед на тоа дека гонат победа за да ја спасат сезоната , но мислам дека офанзивата на Манхаим би ги дотолчила, мислам дека и опцијата над 5,5 голови е исто добар избор , имајте на ум дека Манхаим му даде 16 гола на Хамбург во 4 средби , а прими само 4.
Хамбург имаше само 8 победи од 26 гостински натпревари во регуларната сезона , додека Махнаим беше 5-та најдобра домашна екипа со 15 победи од 26 натпревари дома.

тип :  Манхаим 1 @ 1.65   влог :  4/10


NHL

Buffalo Sabres - Pittsburgh Pеnguins

Крајот на регуларната сезона се ближи , а со тоа се згуснува борбата за плејоф позициите.
Бафало се наоѓа во многу тесна борба за 8-мата позиција со Вашингтон , моментално и двете екипи имат по 86 бода но Бафало има натпревар помалце. Бафало во победата над Вашингтон загубија клучен играч од дефанзивата поради повреда , па тоа може да им направи проблеми.
Моментално се наоѓаа во одлична серија од 16 победи ( 14 од нив во регуларно време) и 2 порази , а таа серија почна со победата на гостувањето во Питсбург со 6:2.
Питсбург од друга страна може да одмара и да се концентрира на плејофот , бидејќи се пласираа  и моментално играт за да ја задржат втората позиција на Истокот ( нив ги гоне Филаделфија, 2 бода разлика ). Крозби се врати после долго отсуствопоради повреда ,Латенг ( најдобриот дефанзивец ) е сеуште повреден , а Питсбург врза 2 пораза дома и во гости со идентичен скор 5:3 од Исландерс , екипа која игра спојлер улога моментално бидејќи немаа шанси за плејоф. Тоа ми укажува дека Питсбург моментално одмара и повеќе мисли на плејофот отколку на завршницата на првенството.
Оваа сезона играа 3 пати , 2 победи на Бафало ( 3:2 и 6:2 ) и една за Пингвините со 8:2.
Мислам дека Бафало овде нема да загуби бодови па одам со двојна шанса на Бафало.

Тип :  Бафало 1x @ 1.61    влог  :  4/10


Франција 2-ра лига

Metz - Boulogne

Во втората футбалска лига на Франција повозбудлива е борбата за опстанок од онаа за промиција во првата лига.
Со оглед на тоа дека до крајот на првенството има уште 9 натпревари , екипите од 6-тата позицја ( Нант 41 бод ) па се до 19-тата позицја ( Булоњ 30 бода ) се во борба за опстанок. Огромен број на клубови.
Мец се пласирани на 18-тата позиција која носе релегација во Трета лига и победа овде е нешто што им многу треба , но тоа е проблемза Мец со оглед на тоа Мец нема победа цели 12 кола , од 16 Декември 2011.
Булоњ се веднаш под Мец со 30 бода и минатото коло победија прв пат после 20.12.2012 , беа 10 кола без победа.
Ќе ризикувам тука , али мислам дека Мец би ја прекинале таа долга серија денес со оглед на тоа дека Булоњ во гости е практички безопасен ( 1 победа во 10 наптревари и само 9 дадени гола ) , а и фактот дека Мец успеа да ги победи во гости на првиот меч оваа сезона со 1:0.

тип :  Мец  1  @  2.20    влог  :  3/10

GL !!

Thursday, March 29, 2012

четврток 29.03.2012

После подолго време па му се враќам на блогерството :) Here we go ..


Денеска има прилично интересна понуда од сите спортови , па ќе пробам да дадам неколку добитни типови од секој спорт , еден микс :)


Европа Лига
Шалке - Билбао

1/4 финале и две интересни екипи се среќават во Гелзенкирхен.
Прво го имаме Шалке кој во последно време бележи добра форма во Бундеслигата ( 3 победи во серија ) , а во Европа лигата оваа сезона нема пораз на домашен терен. За денес ќе излезат со практички најсилен состав , нападот ќе го води Хунтелар , одма зад него се Дрекслер , Фарфан , Раул , Холтби и Џоунс. Има нестабилна одбрана , а во прилог на тоа оди и фактот дека оваа сезона во Европа само еднаш ја зачуваа мрежата и тоа против АЕК Ларнака. Хилденбранд ќе биде на голот сооглед на тоа дека првите 2 избора за голман им се недостапни.

Билбао од друга страна после победата на Манчестер се опушти и почна да опаѓа во форма , 4 кола во Примера немат победа ( дури 3 порази во тие 4 средби , а нерешено извадија дома со Хихон со последните минути ). Имаа проблеми надвор од теренот посебно младите футбалери кои имаа неколку скандали со журки и пијанства после победата над Манчестер , а и неколку клучни футбалери со мачат со повреди , од кои најважен е иконата на клубот Љоренте.Љоренте вечер ќе игра , а Билбао ќе излезе на терен со истиот состав кој едвај спаси глава против Хихон викендот. За Билбао овоа е прв пат после 1977 година да играт 1/4 финале во било кое Европско наптреварување , а во досегашните 3 патувања во Германија имаат 3 порази.

Мислам дека коеф се средени ко што треба , Шалке е благ фаворит и мој фаворит да победи на денешниот натпревар , проблем ќе биде одбраната и голманската позиција , и фактот дека Шалке само еднаш успеал да ја сочува мрежата дома во Евро натпреварите оваа сезона.
Како и да е , офанзивата на Шалке ми се допаѓа , додека формата на Билбао и тредицијата ода во корист на Шалке , па одам со победа на Германиците , најверојтно 2:1.

тип : Шалке 1 @ 2.20    влог  :  3/10
( cover bet може да биде т1 2+ @ 2.15 )


WTA Miami Masters

Шарапова - Возниачќи

Инетерсно 1/2 финале.
Прво со Шарапова. Мариа оваа сезона е 17-3 , од кои двата порази се од Азеренка и двата порази во финалињата на АУ Опен и мастерсот во Индиан Велс и еден пораз од Кербер во Париз. Сите други натпревари кои Шарапова ги одигра оваа сезона , ги доби и тоа голем процент од нив многу лесно. Оваа сезона делува многу добро , игра со голема мотивација , играта и е на повисоко ниво од лани , се гледа огромен прогрес кај неа после повредата на рамото. Дефинитивно заслужува 2ро место на WTA листата , место коа моментално и го има.

Каролина од друга страна ја игра една од послабите сезони , од прво место падна на 6-тата позиција на WTA ранкингот , има скор од 15-7 и на многу натпревари оваа сезона имаше проблеми. , така и на овој турнир посебно со Викмаер во првиот сет , а со Серена имаше и мала доза на среча со оглед на тоа дека Серена не беше на своето топ ниво. Сега се среќава со тенисерка , која според мене е одма зад Азеренка по форма , и тенисерка против која има негативен меѓусебен скор , Марија води 4-2 во меѓусебните средби.
Мислам дека агресивната игра на Шарапова ќе биде клучниот факт тука , и одам со победа на Марија.

тип :  Шарапова 1 @ 1.90    влог :  4/10

ATP  Miami Masters

Фиш - Монако

1/4 финале кај мажите и прилично интересен match up.
Фиш е американец и ќе има доста подржка од публиката со оглед на тоа дека е единствено Јенки што остана на турнирот. Оваа сезона ја почна многу лошо , али со текот на времето полека влезе во форма и на овој Мастерс беше прилично имресивен посебно против Андерсон и Алмагро. Овој турнир моментално е негов најдобар турнир одигра оваа сезона.

Монако е Аргентинец и ко што се покажа јужноамериканците имаат огромна подржка на овој турнир ( самиот факт дека е во Мајами , град полн со јужноамериканци ). Монако не е баш тенисер кој има успех на тврда подлога , пред овој турнир беше со скор 1-2 на тврдаоваа сезона и имаше малку среќа посебно тоа што Лу беше повреден во првото коло и го предаде мечот , па Монако имаше повеќе време за одмор пред средбата со Монфилс , каде се врати од мртвите благодарение на Монфилс , кој како познат коцкар ризикуваше со сервисот во клучни моменти и практички му го подари мечот ( не дека Монако одигра лошо , напротив одигра солидно ) и во  1/8 финалето налета на Родик кој после победата над Федерер очигледно мислеше на нешто друго и некарактеристично за него направи еден тон грешки од серва и го загуби вториот сет со 6:0.
Suma sumarum , очекувам голема подржка за двата тенисера , огнена атмосфера со на Дејвис Куп меч , и очекувам победа на Фиш и со хендикеп гејмови на Фиш ( победа со 4 гејма разлика ).

тип :  Фиш 1 @ 1.50  комбо тикет   ;  Фиш  -3,5 @ 2.10    влог :  3/10

NHL

Boston Bruins - Washington Capitals

Остануват уште десетина дена до крајот на регуларната сезона и почетокот на плејофот.
И Бостон и Вашингтон имат за што да играт.
Бостон се на 4-тата позиција на Истокот со само 1 бод предност пред Њу Џерси ( вечер играт против Тампа дома ) и со пораз во комбинација со победа на Њу Џерси би паднале на 5-тата позиција и би загубиле home ice advantage. Бостон во последните неколку средби делува добро , врзаа 3 победи во серија , немат повредени хокејари и имаат солиден скор дома.
Вашингтон се во лоша позција. Пред 3 дена беа 8ми во Истокот и го джеа последното место кое носи плејоф , но загубија 2 клучни средби во кои одиграа многу лошо , а и двете ги одиграа дома. Против Винипег имаа 3:0 водство , но дозволија да примат 3 гола и да загубат во продолжетоци , додека во уште поклучен меч против Бафало дома , беа тотално надиграни и загубија 1:3 и им го дадоа 8мото место на Бафало.Сега им остануваат уште 5 средби во кои мора да одат на победа , друга опција немат , и да се надеваат на киксови на Бафало. Да бидат работите полоши се мачат со форма и со повреди , Бексторм ( клучен играч ) им е повреден уште од Јануар , додека на последните 4 средби во лигата забележаа 3 порази.

Очекувам тежок меч и победа на Бостон , мислам дека Овечкин не е доволно за да се бутне Бостон на колена. Очекувам доста нервоза и исклучувања од страна на Вашингтон , а Бостон е екипа која лесно може да го казни тоа.

тип :  Бостон @ 1.90   влог :  3/10

NHL

New Jersey Devils  -  Tampa Bay Lightnings

На кратко тука , очекувам победа на Њу Џерси кој гледа да му ја земе 4-тата позиција на Бостон и да добие предност на домашен терен во плејофот , додека Тампа игра во лоша форма , има огромен број на клучни хокејари кои им се повредени и играт без мотив. Со огледна тоа дека одбраната на Тампа е една од најлошите во лигата и фактот дека оваа сезона играа 3 пати над 5,5 голови во сите 3 меѓусебни средби , одам со 2 типа.

тип :  Њу Џерси 1 @ 1.80   влог :  4/10    ;   над 5,5 @ 1.75    влог :  4/10

GL !!