Анализи од петочните натпревари од турската Суперлига, германската Бундеслига и Цвајта.
Турција Супер лига
Орду - Галатасарај
Прво нешто што ми падна на ум беше 1x и 0-2 гола, бидејќи од кога Хектор Купер дојде како менаџер во Орду, тимот игра прилично добро со цврста одбрана и за сега ,заедно со Галата и Фенер , се единствени непоразини екипи во лигата.
Меѓутоа го видов составот со кој Галата ќе настапи вечер и според коеф кој е понуден за победа на Галата , се премислив.
Кај Галата ќе фали само Ујфалуши( еден од нивните најдобри дефанзивци ) и во вторник ги чека дуел на домашен терен против Брага во второто коло од ЛШ. Мислев дека ќе одмараат играчи за денес ,но Терим го однесе целиот тим во Орду.
Орду има неколку играчи од првиот тим кои се на позајмица токму баш од Галатасарај , па може да се каже дека нема да има лоши емоции меѓу играчите на овој натпревар.
Орду има играно 3 пати против Галата досега , еднаш во Купот во 2010 ( пораз од 0:3 ) и лани двапати во лигата , два порази од 2:0. Засега ептен негативен скор.
Галата игра отворен футбал, додека Орду игра подефанзивен футбал.
Мислам дека Галата ќе победи овде и нешто ми кажува дека ќе има голови. Орду постигна гол на последните 4 натпревари во лигата и време е да ја прекине серијата и да даде гол против Галата. Нападот на Галата функционира добро, минатото коло практички со резервен состав го победија Акхисар со 3:0 и мислам дека и тие денес ќе дадат најмалку 1 гол. Одам со 3+.
Тип : 3+@1.90
Германија Бундеслига
Дизелдорф - Шалке
И после 5 кола , Дизелдорф е сеуште без примен гол и пораз.
Моментално се 450 минути без примен гол ( рекордот е 780 минути , го држи Штутгарт ).
Ова не е мала работа , ако се земе во предвид фактот дека Фортуна оваа сезона влезе од втората лига.
Шалке денес ќе проба да го направи тоа што 5 други клубови предходно ( Гројтер,Фрајбург,Штутгарт,Менхенгладбах,Аусбург) не успеаја да го направат, да дадат гол против Фортуна ида ги поразат.
Дизелдорф одигра 3 натпревари со резултат 0:0 и 2 натпревари со резултат 2:0 во првите 5 кола. Дома се сеуште без постигнат гол и без победа.
Ова се можните 11 за вечер ( превземено од bundesliga.de ) :
Fortuna Düsseldorf: Giefer - Levels, Malezas, Langeneke, van den Bergh - Fink, Bodzek - Kruse, Ilsö, Lambertz - Schahin
Schalke 04: Unnerstall - Uchida, Papadopoulos, Höwedes, Fuchs - Neustädter, Jones - Farfan, Holtby, Draxler - Huntelaar
Сакам да играм на победа на Шалке. Мислам дека на овој натпревар конечно одбраната на Фортуна ќе капитулира. Шалке оствари 3 победи во лигата , но сите 3 победи беа против екипи кои имаат карактеристични слабости , Аусбург и Гројтер немат доволно квалитет, додека Мајнц игра слабо на гостувањата ( многу помогна пеналот за 1:0 по што се распадна играта на Мајнц). Кога Баерн дојде во Гелзенкирхен, Шалке одигра лошо,многу лошо. Згора ги чека важен натпревар против Монпеље во среда во ЛШ. Понудениот коеф за Шалке ми се допаѓа и мислам дека вреде да се проба. Не верувам дека натпреварот ќе заврши 0:0 или 1:1, а победа на Фортуна некако ми е далеко од видик, па единствена опција ми останува победа на Шалке. Два резултати ми се вртат во глава или 0:1 или 1:2.
*пренос на Eurosport
Тип : Шалке 2 @ 2.00
Германија Цвајта
Падерборн - Келн
Келн конечно победи во вторникот, 2:1 против Франкфурт. Првото полувреме го одиграа толку катастрофално што коментарот на коментаторот после првите 45 минути беше „ Да сте навивач на Келн и да го гледате како игра е исто како да земете камшик и самите да се камшикувате “. Тоа ви дава слика за тоа колку лош натпревар одиграа. Второто полувреме беше подобро и имаа малку среќа што и Франкфурт играше лошо.
Падерборн загуби на гостувањето кај Котбус со 2:1 и го впиша третиот овосезонски пораз.
Денес стадионот ќе биде исполнет,сите билети се продадени.
Меѓутоа Падерборн денес ќе има неколку проблеми. Прво им фалат : Деме ( среден ред , првотимец ) , капитенот Кроше ( дефанзивец ), Циглер ( дефанзивец, стандарден ) и Јилмаз ( напаѓач,клучен , прв стрелец на тимот ). Значи 4 првотимци денес нема да настапат против Келн. Тоа значи дека одбраната на Падерборн ќе биде составена од играчи помлади од 24 години.
Кај Келн ќе фалат МекКена ( стандарден дефанзивец ) и Леман ( среден ред , првотимец ).
Мислам дека победата над Франкфурт ќе ги подигне играчите на Келн на психолошки план, тука мсилам дека ќеимат предност над Падерборн.Отсуствата кај Падерборн (посебно одбраната и нападот ) се втората предност која ќе ја има Келн на овој натпревар.
Коеф за победа на Падерборн е 2.35 и не ми се допаѓа поради горенаведените факти и променливата игра на тимот. Мислам дека Келн ќе земе овде бод/ови.
Тип : Келн x2 @ 1.50
Регенсбург - Ст.Паули
Двете екипи играт моментално лош футбал.
Ст.Паули се мачи со давање голови, креира шанси ,но не може да даде гол веќе 3-4 натпревари во серија. По поразот од Ален во вторникот Шуберт беше сменен од менаџерската функција и моментално се без менаџер, па асистентот ќе ги води на овој дуел.
Играта на Регенсбург е многу едноставна, држи одбрана со 10 играчи и реализирај контра напади преку најдобриот напаѓач Семболо. Минатото коло победија на гости против Сандхаузен ( кој играше без 5 офанзивни првотимци ) и ја остварија втората победа оваа сезона. Сеуште се без нерешен резултат по 7 кола.
Регенсбург ќе бидат без Филип Циерис ( стандарден дефанзивец ) ,но тој не играше ниту против Сандхаузен , што значи дека денес на терен ќе излезе истиот тим кој победи во вторникот.
Кај гостите нема нови повредени играчи и истиот тим кој загуби против Ален , треба да биде на терен и денес.
Не верувам дека Ст.Паули ќе победи,ниту пак ми се допаѓа понудениот коеф занивна победа. Точно е дека се поквалитетна екипа од Регенсург, но на психолошки план не се во предност. Плус тоа денес нема да имат менаџер.
Два типа ми се вртат низ глава. Нерешено и 0-2 гола. Регенсбург е екипа која игра дефанзивен футбал со контра напади , додека Ст.Паули ,иако се офанзивна екипа никао не можат да постигнат гол ( само 4 дадени гола во 7 натпревари досега ). Одам со тие 2 типа, мислам дека е време за првиот нерешен натпревар оваа сезона на Регенсбург.
Тип : X @ 3.00 и Тип : 0-2 @ 1.70
Ален - Франкфурт
Франкфурт одиграа многу лошо кај Келн и загубија со 2:1 .што беше и нивниот прв пораз оваа сезона, додека Ален победија во Хамбург против Ст.Паули со 0:1.
И двете екипи играт отворен футбал. И двете постигнуваат голови, Ален даде 9 досега ,а Франкфурт 12.
Менаџерот на Ален изјави дека денес ќе направи неколку промени во составот во однос на тимот кој победи против Ст.Паули , додека кај гостите од повреда се враќат Гледсон и Јелен, но ќе фали клучен дефанзивец Хаубах кој се здоби со скршен нос против Келн.
Иксрено не знам што да мислам за овој натпревар, се ми делува можно. Најмногу ме влече типот GG , скоро сум убеден дека Франкфурт ќе даде гол, бидејчи константно креират шанси и дават голови, меѓутоа не сум сигурен за Ален , бидејќи ниниот менаџер најави ротација на тимот, а и фактот дека оваа сезона немат одиграно нерешено, па можеби и на таа серија денес ќе и дојде крај.
Двата тима дават гол ми е најпаметен избор, а и коеф не е лош.
Тип : ГГ @ 1.80