После 4 дена одмор , се враќаме на типовите со анализи :) Наредните 2 недели имаме Мастерс во Монте Карло кај мажите , надевам се дека тука ќе имаме профит. Oд NHL почнаа пред недела дена со плејоф наптреварите и за сега карактеристични се изненадувачките резултати. NBA има уше 10-тина дена до крајот на регуларната сезона , и денес се игра вонредно коло од Чемпионшип каде останаа уште 3 кола до крајот на сезоната , и каде Вест Хем , Рединг и Саутемптон се борат за 2 места кои водат директно во Премиер. Па идеме полека :
ATP Monte Carlo Masters clay
Нишикори - Рамос
Интересен дуел.
Нишикори мислам дека има статус на благ фаворит благодарение на ланската форма , оваа сезона игра во полоша форма сега за сега. На земја не е нешто посебно добар оваа сезона и има скор 3-2. Нишикори има 3/5 над 21 гејм на земја оваа сезона ( али Монтанес го предаде мечот , така да практички е 3/4 ).
Рамос пак оваа сезона може да се каже како едно од изненадувањата на турата. Игра добро , посебно на земја каде има скор 9-4 оваа сезона , минатата недела стигна до финалето и загуби во Казабланка , а предходно играше полуфинале во Сао Паоло. Често игра тај-брејкови на земја , оваа сезона има 9 тај брејка од 29 гејма на земја. Оваа сезона е 8/13 со над 21 гејм на земја.
Рамос може да има замор поради играњето во Казабланка , додека Нишикори нема одиграно меч од поразот од Надал во Мајами ( 27.03 ).
Прв меѓусебен дуел на овие двојца тенисери и очекувам да видам 3 сета овде , статистиката го потврдува тоа.
Тип : над 21,5 гејма @ 1.90 влог : 3/10
NHL Playoffs 1st Round
New Jersey Devils - Florida Panthers
Одам со победа на ѓаволите. Трет меч од серијата , моментално скорот е 1-1 , од како два натпревара беа одиграни во Флорида , на првиот победи Њу Џерси со 3:2 , па во вториот дуел загубија откако Флорида го дадоа најбрзиот гол во историјата на клубот на само 23 секунди од почетокот на мечот. Сега се играт 2 натпревара во Њу Џерси и ова е огромна шанса Ѓаволите да направат 3-1 во серијата.
Двете екипи играт практички без повредени играчи.
Проблем за Њу Џерси е power play-от , од што ги примија скоро сите голови во дуелите со Флорида и денес очекувам да одиграт подисциплинирано и да победат.
Тип : Њу Џерси 1 @ 2.00 влог : 3/10
NHL Playoffs 1st round
Detroit Redwings - Nashville Predators
2-1 води Нешвил во серијата , после овој меч дуелите се префрлаат во Нешвил.
Одам со статистички тип тука. Сите 3 меча во оваа плејоф серија завршија со ист резултат 3:2. Оваа сезона Детроит и Нешвил играа меѓусебе 9 пати ( вклучувајќи и плејоф ) и 8 од 9 завршија со над 5 гола т.е. над 4,5 гола. Исто очекувам и денес , двете екипи се со одлична офанзива и помалце климава дефанзива , очекувам да дадат барем по 2 гола и да продолжи традицијата. Одам со над 4,5 гола.
Тип : над 4,5 гола @ 1.70 влог : 4/10
NBA
Philadelphia 76rs - Indiana Pacers
Одам со овој тип бидејќи ова е MUST WIN натпревар за домашните.
Фили паднаа на 8мата позиција во Истокот со само 4 бода предност пред Милвоки на 6 кола пред крајот. Ова им е последен натпревар на домашен терен оваа сезона пред почетокот на плејофот ( ако воопшто играт плејоф ). Моментална форма им е лоша , 3-7 на последните 10 со тешок пораз вчера каде примија 113 коша од Орландо кој играше со пола резервисти во екипата и без Хавард. После овој меч ги чекат 5 тешки гостувања од кои едно ќе биде против Милвоки.
Немат повреди во тимот , а веќе ги победија Индијана со 96:86 , но тогаш Фили играа во поголема форма.
Индијана ко шо кажав неколку пати , оваа сезона ми се фаворит од сенка. Моментално игра во огромна форма , 9-1 на последните 10 , газат се пред себе и најверојатно сезоната ќе ја завршат на третата позиција во Истокот со оглед на тоа дека имат 6 бода предност пред Орландо. Овај меч не им е од голема важност.
Како и да е ќе одам со Фили , едноставно мора да тепат ако сакат полесно да влезат во серијата од 5 гостувања.
Тип : Филаделфија -3,5 @ 1.90 влог : 3/10
И за крај предлагам еден дабл од Чемпионшип дивизијата : Вест Хем 2 @ 1.65 и Саутемптон 2 @ 1.80 со вкупен коеф : 2,97 и влог : 2/10. Објаснувањето е јасно , двете екипи мора да победат ако сакат директен пласман во Премиер лигата.
GL !!
p.s. Покасно на Facebook страната , ќе дадам уште некој тип ;)
No comments:
Post a Comment