Солиден ден вчера , 4/6 погодени , профит имаме , само Саутемптон изневери ..
Резиме на вчерашниот ден :
Саутемптон - Портсмут FT 2:2 , Саутемптон -1,5 @ 2.40 3/10 губиток : - 3 units ; Саутемптон двојна победа @ 4.00 2/10 губиток : -2 units ; Саутемптон дава голво двете пол @ 2.10 3/10 профит : + 3,30 units
Валенсија - Хувентуд FT 90:67 , над 148,5 поени @ 1.90 3/10 профит : + 2,7 units
Келн - Вердер FT 1:1 , 0-2 гола @ 2.00 3/10 профит : + 3 units
Бока Јуниорс - Аргентинос Јун FT 2:1 , Бока т1 2+ @ 1.90 3/10 профит : + 2,7 units
Вкупен профит : + 6,7 units
VTB Балтичка кошаркарска лига , плејоф натпревари
Локомотив Кубан - Жалгирис
Прв меч од 1/8 финалниот дуел. Се игра до две победи.
Главната вест доаѓа од кампот на Жалгирис. Минатата недела Вимс ( најдобриот играч на Жалгирис ) се повреди и нема да игра до крајот на сезоната. Колинс , уште еден клучен играч на Жалгирис е суспендиран на 3 месеци поради користење марихуана. Со други зборови , Жалгирис е во проблеми.
Локомотив пак оваа сезона игра одлично во Европа , Мејси ( екс- МК репрезентација и најдобар стрелец во Еврокупот ) , Илиевски , Траоре , Чалмерс се доволни мислам за победа над Жалгирис. Дополнителен мотив е тоа што ова е единствена домашна утакмица за Локомотив во дуелот со Жалгирис , бидејќи се игра до 2 добиени во случај на 1:1 третиот натпревар ќе се игра во Каунас , во салата на Жалгирис. Со други зборови , ова е перфектна шанса за Локомотив да поведе со 1:0 во серијата. Одам со среден влог , повеќето кладилници веќе го скинаа коеф од 1.70 на 1.40 за победа на Локомотив , но Оаза/Моцарт сеуште го даваат почетниот коеф.
Тип : Локомотив Кубан 1 @ 1.70 влог : 4/10
VTB Балтичка кошаркарска лига
Нижни Новгород - Литвус Ритас
Втор тип од ВТБ лигата , исто 1/8 финале , се игра до 2 победи.
Овде сум поуверен во конечниот исход.
Новгород на почетокот на оваа година загуби 3 квалитетни кошаркари и не донесе соодветни замени , како резултат на тоа моментално во Руската лига се последни со 2 победи и 14 порази. Во ВТБ лигата пак се со скор 8-8. Играт лоша дефанзива.
Литвус пак пред неколку дена имаа тешок меч со Жалгирис каде водеа со 20 разлика и на крај загубија. мислам дека тоа ќе ги мотивира екстра и против одбраната на Новгород мислам дека ќе си имат забава. Одам со победа на Ритас со хендикеп.
Тип: Литвус Ритас -4,5 @ 1.90 влог : 5/10
WTA Charleston clay
С.Вилијамс -Сафарова
Финале каде мислам дека кладилниците погрешија со хендикепот на гејмови.
Серена е ставена ко огромен фаворит , но мислам дека Сафарова може овде да и нанесе доста проблеми. Мислам дека денес единствено оружје на Серена ќе биде нејзиниот сервис , додека Сафарова покажа добра overall игра против Звонарева и Хергоц , прилично добро се движеше , имаше добри прецизни удари и мислам дека денес има поголеми шанси од тоа што кладилниците го нудат. Серена има 5-0 во меѓусебните со Сафарова , но 4 од тие дуели се пред 4-5години , кога Серена беше на топ ниво. 2011 играа во Торонто ,победа на Серена со 2:1 , и ова ќе им биде прв дуел на земја , каде Сафарова има добар скор 81-46 ( Серена е 89-29 ).
Мислам дека Сафарова тука има подобри шанси од тоа што е понудено.
Тип : Сафарова +5,5 @ 1.95 влог : 4/10 ; Тип : Над 19,5 гејма @ 1.95 влог : 3/10
NBA
Boston - Philadelphia
Одам со победа на Бостон.
Филаделфија западнаа во криза , врзаа 3 порази во серија , на последните 5 средби во лигата имат само 1 победа ( дома со 5 разлика над Атланта ). Моментално малку им гори под нози бидејќи разликата меѓу нив и Милвоки е само 2 бода.
Бостон од друга страна пак влегоа во добра форма , имаа 5 победи во серија ( импресивни победи ) , па загубија дома ос Спарси со 1 поен разлика , и против Чикаго прокоцкаа водство од 11 поени разлика на полувреме и загубија. Вчера ја лимитираа Индијана на само 75 поена и запишаа нова победа. Играт во солидна форма , дефинитивно подобра форма од Филаделфија.
Бостон не треба да дозволи денес Фили да ги победи бидејќи разликата меѓу нив е само 4 бода.
Пирс , Рондо , Ален и Гарнет играт во мислам моментално најдобрата форма оваа сезона.
Филаделфија ги доби предходните 2 меча оваа сезона , но тие беа на домашен терен , не верувам дека денес ќе запишат трета победа.
Тип : Бостон -4,5 @ 1.90 влог : 3/10
MLB
Хјустон - Колорадо
Малку бејзбол.
Вчера играа меѓусебе , Хјустон победи со 7:3. Главна причина поради која играм против Колорадо ( и ќе играм цела сезона ) е тоаш што питчерот ( најважниот играч во тимот ) им има 49 години. Според мене тоа е престаро за професионален спортист.
Вчера кеоф за победа на Хјустон беше 1.90 , денес е повисок и повтоно ставам со мал влог на нив.
Тип : Хјустон 1 @ 2.10 влог : 2/10
Турција Супер Лига
Вестел - Галатасарај
Пишав пред некој ден за проблемите во соблекувалната на Галата. Барош го скрши носот и нема да игра , Мело и Риера се степаа и нема да настапат бидејќи се суспендирани. Eлмандер е во добра форма и очекувам голови од него.
Галата сепак има за што да игра со оглед дека им требат бодови за плејофот за титулата ( Фенер вчера победи со 2:0 и е на само 6 бода од Галата ). Очекувам офанзивен футбал од двете екипи,Вестел се веќе во втората лига , ја имат третата најлоша одбрана во лигата , додека Галата го има најдобриот напад во лигата. Предходните 5 натпревара одиграни на овој стадио завршиле со : 5/5 3+ , 4/5 4+. Очекувам традицијата да продолжи.
Тип . 4+ @ 1.95 влог : 3/10
GL !!
No comments:
Post a Comment