Monday, April 30, 2012
30.04.2012 Понеделник
Да го завршиме Април со профит и да ја почнеме неделата понеделнички со дoбитни тикети и типови ;)
ATP Минхен 250 земја
Томич - Рохус
Оваа недела имаме 3 турнира од АTP турата , еден од кои е турнирот во Минхен каде паричната награда е 450.000 евра плус BMW Z4 sDrive28i + 200 ATP поени на ранкингот и 71.900 евра за шампионот.
Од фаворитите прв е Тсонга со највисок ранкинг , потоа Лопез , Давиденко , Чилич , Јужни , Колшрајбер , Томич и Багдатис. Лани шампион беше Давиденко. Томич е најмладиот играч на турнирот со 19 години , додека најстариот е Томи Хас со 34 години. Германија има најмногу преставници на овој турнир , дури 8.
Томич моментално е во најдобрата форма од својата кариера. Моменталниот ранкинг му е 33 , оваа сезона е 14-8 , 2-2 на земја. Најголеми успеси оваа сезона му се полуфинале во Бризбејн и 1/4 финале во Делреј Бич.
Рохус е 66-то пласиран на АТП ранг листата , оваа сезона е во негатива 8-11 , и сеуште е без победа на земја , 0-2. Најголеми успеси му се финале во Окланд и 1/4 финале во Мемфис.
Тука и според форма и според квалитет мислам дека Томич ќе победи. Титулата не носи многу бодови , меѓутоа парите и главната награда се сосема доволни за било кој тенисер да го даде максимумот од себе. Рохус двапати играше на земја оваа сезона , пораз од Вердаско во Монте Карло со 2:1 ( загуби со 4 гејма разлика ) и пораз од Гарсија во Барселона ( 6 гејма разлика ).
Денес се среќава со Томич за прв пат кој има 2 победи на земја ( двете победи над Иштомин и Гулбис беа со 5 гејма разлика ). Мислам дека Томич овде ќе победи со 6:4 6:4.
Тип : Томич -3,5 @ 1.80 влог : 4/10
Полска Екстракласа
Висла - Кравовиа
Градско дерби , огромно ривалство помеѓу двете екипи. Висла е актуелниот шампион , но оваа сезона нема да земе ниту еден трофеј , ниту пак ќе игра во Европа следната сезона. Краковиа се бори за опстанок , но тоа тешко дека ќе се случи со оглед на тоа дека има 7 бода негатива на 3 кола пред крајот.
Мислам дека Висла тука ќе оди да го понижи својот градски ривал и да го испрати во Втората лига , Краковиа со пораз уште сега оди во Втора лига. Мислам дека ќе видеме голови , иако двата менаџери не откриваат формација или состави. Одам со 3+ тука , мислам дека и двата тима ќе дадат по еден гол и ќе се одмазди за поразот од првиот дел од сезоната ( 1:0 ).
Тип : 3+ @ 2.00 влог : 3/10
АБА Јадранска лига Final Four финале
Макаби - Цедевита
Лично чудно ми падна колку лошо одиграа Партизан во полуфиналето против Цедевита , тотална мизерија беа Србите , додека Цедевита го искористи тоа и се пласира во финалето.
Сеигра во салата на Макаби , каде Израелците имат огромна подршка , и се најмалце 2 класи над Цедевита. Хендикепот за овој меч е висок , но мислам дека Макаби треба да го покрие лесно. Ги гледав Цедевита неколку пати и ми се видеа ко ептен мизерна екипа , мислам дека денес повеќе од 70 поена нема да дадат , Будучност им даде 60 поена на Макаби и загуби со 22 поена разлика , додека Цедевита го победи Партизан 12 поена разлика 68:56.
Очекувам Макаби да ги масакрира Цедевита кои денес , како и во дуелот со Партизан , ќе бидат без својот најдобар играч.
Тип : Макаби -12,5 @ 1.90 влог : 3/10
GL !!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment