Скоро перфектен ден вчера , Хамбург победи со 4 разлика но даде 28 гола :) Имавме доволен профит , па продолжуваме со битките против кладилниците ;)
Резиме на вчерашниот ден :
Ескисехи - Анталија FT 3:0 , Ескисехи 1 @ 2.15 2/10 профит : + 2,30 units
Жалгирис - Локомотив Кубан FT 71:80 , Локомотив +4,5 @ 1.90 5/10 профит : + 4,5 units ; Локомотив 2 @ 2.85 2/10 профит : + 3,7 units
Хамбург - Ловен FT 28:24 , Хамбург -1,5 @ 1.90 3/10 профит : + 2,7 units ; Хамбург над 30,5 гола @ 1.90 3/10 губиток : - 3 units
Вкупен профит : + 10,2 units
Иако има огромен избор на натпревари од сите спортови , денес неманекој добар осет, па ќе гледам да дадам најреални типови. Ќе одам со помали влогови , нема да се алчеме после 4 дена добра профитабилна серија.
Турција Куп
Фенербахче - Каисериспор
1/4 финале од купот , се игра еден натпревар , и се игра во Истамбул.
Главната вест е тоа што Фенер нема да игра со Емре и со Алекс , двајцата се мотори на средниот ред и креативни мозоци на тимот. Мислам дека Фенер ќе има мали проблеми без нив.
Каисери сезоната ја завршија на 11-тата позиција и нема да играт бараж за Европа лигата , така да купот им е единствена шанса за излез во Европа следната сезона. Ќе играт со прв состав.
Фенербахче на крајот од сезоната ја имаше втората најдобра одбрана во лигата со 34 примени голови на 34 натпревари , додека Каисери ја имаа 6-тата најдобра одбрана со примени 39 гола.
На последните 6 меѓусебни дуели , 5/6 завршиле со 0-2 гола.
Значи , имаме две екипи со добра дефанзива , двете се мотивирани посебно Каисери , додека Фенер ќе игра без двојцата најглавни креативци , па мислам дека со оглед на фактите најдобар тип би бил 0-2 гола. Коеф не е лош @ 1.70. Среден влог.
Тип : 0-2 гола @ 1.70 влог : 3/10
WTA Copenhagen indoors hard court
Мартич - Конта
Дуел помеѓу 57-мо рангираната Мартич и 234 рангираната Конта.
Мартич има добра сезона 10-9 моментално ( највеќето порази дојдоа после финалето во Куала Лумпур каде доби топлотен удар ) , овој турнир и одговара , лани стигна до полуфинале и со право е ставена ко фаворит. Вчера ја победи Бек со 6:4 6:4.
Конта за мене е непозната тенисерка , бидејќи игра ITF турнири , мина 3 квалификациски кола и вчера помина во втората рунда откако Первак го предаде мечот. Мислам дека по квалитет не може да се рамни со Мартич.
Мартич во кариерата е 27/18 на indoor турнири , додека Конта е 28/16 , меѓутоа нејзините турнири се класа под оние на кои мартич има настапувано.
Одам со победа на Мартич со 4 гејма разлика.
Тип : Мартич -3,5 гејмови @ 1.90 влог : 3/10
ATP Houston clay
Карлович - Рејнолдс
Мислам дека сите го знаеме Карло , 2 метра и кусур висок , играта му се базирана сервис и освојување асови. Овде на овој турнир има 3 настапи , една титула и лани стигна до 1/2 финале.Со други зоборви играњето на овој турнир му одговара. Во кариерата е 55/55 на глина.
На Рејнолдс ова ќе му биде прв настап на зглинена подлога оваа сезона , и само 41 настап во кариерата , 20/20 му е скорот на глина во кариера иако веќе 10 години е на ATP турата. Земјена подлога не му одговара. Исто оваа сезона игра лошо , освен со Сиднеј , на сите други турнири нема поминато после првото коло иако сите турнири кои досега ги одигра беа на тврда (подлога која му повеќе одговара од глина ). Тоа ви дава слика колку е лоша формата на Американецот моментално.
Мал проблем зошто не одам со поголем влог овде е тоа што сервисот на Карлович на сите 3 настапи викендот на Дејвис Купот не му функционираше , освојуваше многу малце асови и Аргентина ја мина Хрватска. Како и да е да се надевам дека денес ќе му проработи сервата , Рејнолдс секако не е моментално на ниво ниту на омилена подлога за да му се протистави на Карло.
Тип : Карлович -3,5 гејма @ 1.85 влог : 3/10
Србија Куп
Партизан - Црвена Звезда
Не мора да ви го објаснувам ривалството овде , нели ? :)
1/2 финален дуел , реванш , Звезда победи на првиот меч дома со 2:0.
Тука ќе бидам краток , двата тима ќе играт со најсилни состави иако имамт неколку неизвесни играчи ( кои најверојатно ќе играт ) , Партизан гони разлика од 2 гола ако сака финале , така да очекувам голеада. Наместо победа на Партизан , ќе одам со т1 2+ :). Иако се мали шансите за 2:2 , сепак победа на Партизан веќе стана public bet , а си имам правило и ќе го почитувам , public bet типови не играм.
Тип : Партизан т1 2+ @ 2.20 влог : 3/10
Ќе предложам и еден тикет :
Ванкувер - ЛА 1 @ 1.90 NHL
Атл. Мадрид - Реал М. 2 @ 1.70
Пеликанс - Блус 1 @ 1.60 Финска хокеј
вк коеф - 5,1 влог : 3/10
И еден предлог од еден мој пријател и добар познавач на германскиот футбал :
Hannover - Wolfsburg, sreda,11.04.2012
3+
Hannover vo poslednite 6 natrevari 3+, a Wolfsburg od poslednite 5 natprevari site 3+. Spored ovaa statistika, slabata odbrana na Wolfburg, kako i slabata odbrana na Hannover,od posledniot natprevar so Schalke 04, a dobrite napagjaci vo redovite na dvata tipa, tipuvam ,deka natprevarot ke zavrsi 3+.
GL !!
No comments:
Post a Comment