После подолго време па му се враќам на блогерството :) Here we go ..
Денеска има прилично интересна понуда од сите спортови , па ќе пробам да дадам неколку добитни типови од секој спорт , еден микс :)
Европа Лига
Шалке - Билбао
1/4 финале и две интересни екипи се среќават во Гелзенкирхен.
Прво го имаме Шалке кој во последно време бележи добра форма во Бундеслигата ( 3 победи во серија ) , а во Европа лигата оваа сезона нема пораз на домашен терен. За денес ќе излезат со практички најсилен состав , нападот ќе го води Хунтелар , одма зад него се Дрекслер , Фарфан , Раул , Холтби и Џоунс. Има нестабилна одбрана , а во прилог на тоа оди и фактот дека оваа сезона во Европа само еднаш ја зачуваа мрежата и тоа против АЕК Ларнака. Хилденбранд ќе биде на голот сооглед на тоа дека првите 2 избора за голман им се недостапни.
Билбао од друга страна после победата на Манчестер се опушти и почна да опаѓа во форма , 4 кола во Примера немат победа ( дури 3 порази во тие 4 средби , а нерешено извадија дома со Хихон со последните минути ). Имаа проблеми надвор од теренот посебно младите футбалери кои имаа неколку скандали со журки и пијанства после победата над Манчестер , а и неколку клучни футбалери со мачат со повреди , од кои најважен е иконата на клубот Љоренте.Љоренте вечер ќе игра , а Билбао ќе излезе на терен со истиот состав кој едвај спаси глава против Хихон викендот. За Билбао овоа е прв пат после 1977 година да играт 1/4 финале во било кое Европско наптреварување , а во досегашните 3 патувања во Германија имаат 3 порази.
Мислам дека коеф се средени ко што треба , Шалке е благ фаворит и мој фаворит да победи на денешниот натпревар , проблем ќе биде одбраната и голманската позиција , и фактот дека Шалке само еднаш успеал да ја сочува мрежата дома во Евро натпреварите оваа сезона.
Како и да е , офанзивата на Шалке ми се допаѓа , додека формата на Билбао и тредицијата ода во корист на Шалке , па одам со победа на Германиците , најверојтно 2:1.
тип : Шалке 1 @ 2.20 влог : 3/10
( cover bet може да биде т1 2+ @ 2.15 )
WTA Miami Masters
Шарапова - Возниачќи
Инетерсно 1/2 финале.
Прво со Шарапова. Мариа оваа сезона е 17-3 , од кои двата порази се од Азеренка и двата порази во финалињата на АУ Опен и мастерсот во Индиан Велс и еден пораз од Кербер во Париз. Сите други натпревари кои Шарапова ги одигра оваа сезона , ги доби и тоа голем процент од нив многу лесно. Оваа сезона делува многу добро , игра со голема мотивација , играта и е на повисоко ниво од лани , се гледа огромен прогрес кај неа после повредата на рамото. Дефинитивно заслужува 2ро место на WTA листата , место коа моментално и го има.
Каролина од друга страна ја игра една од послабите сезони , од прво место падна на 6-тата позиција на WTA ранкингот , има скор од 15-7 и на многу натпревари оваа сезона имаше проблеми. , така и на овој турнир посебно со Викмаер во првиот сет , а со Серена имаше и мала доза на среча со оглед на тоа дека Серена не беше на своето топ ниво. Сега се среќава со тенисерка , која според мене е одма зад Азеренка по форма , и тенисерка против која има негативен меѓусебен скор , Марија води 4-2 во меѓусебните средби.
Мислам дека агресивната игра на Шарапова ќе биде клучниот факт тука , и одам со победа на Марија.
тип : Шарапова 1 @ 1.90 влог : 4/10
ATP Miami Masters
Фиш - Монако
1/4 финале кај мажите и прилично интересен match up.
Фиш е американец и ќе има доста подржка од публиката со оглед на тоа дека е единствено Јенки што остана на турнирот. Оваа сезона ја почна многу лошо , али со текот на времето полека влезе во форма и на овој Мастерс беше прилично имресивен посебно против Андерсон и Алмагро. Овој турнир моментално е негов најдобар турнир одигра оваа сезона.
Монако е Аргентинец и ко што се покажа јужноамериканците имаат огромна подржка на овој турнир ( самиот факт дека е во Мајами , град полн со јужноамериканци ). Монако не е баш тенисер кој има успех на тврда подлога , пред овој турнир беше со скор 1-2 на тврдаоваа сезона и имаше малку среќа посебно тоа што Лу беше повреден во првото коло и го предаде мечот , па Монако имаше повеќе време за одмор пред средбата со Монфилс , каде се врати од мртвите благодарение на Монфилс , кој како познат коцкар ризикуваше со сервисот во клучни моменти и практички му го подари мечот ( не дека Монако одигра лошо , напротив одигра солидно ) и во 1/8 финалето налета на Родик кој после победата над Федерер очигледно мислеше на нешто друго и некарактеристично за него направи еден тон грешки од серва и го загуби вториот сет со 6:0.
Suma sumarum , очекувам голема подржка за двата тенисера , огнена атмосфера со на Дејвис Куп меч , и очекувам победа на Фиш и со хендикеп гејмови на Фиш ( победа со 4 гејма разлика ).
тип : Фиш 1 @ 1.50 комбо тикет ; Фиш -3,5 @ 2.10 влог : 3/10
NHL
Boston Bruins - Washington Capitals
Остануват уште десетина дена до крајот на регуларната сезона и почетокот на плејофот.
И Бостон и Вашингтон имат за што да играт.
Бостон се на 4-тата позиција на Истокот со само 1 бод предност пред Њу Џерси ( вечер играт против Тампа дома ) и со пораз во комбинација со победа на Њу Џерси би паднале на 5-тата позиција и би загубиле home ice advantage. Бостон во последните неколку средби делува добро , врзаа 3 победи во серија , немат повредени хокејари и имаат солиден скор дома.
Вашингтон се во лоша позција. Пред 3 дена беа 8ми во Истокот и го джеа последното место кое носи плејоф , но загубија 2 клучни средби во кои одиграа многу лошо , а и двете ги одиграа дома. Против Винипег имаа 3:0 водство , но дозволија да примат 3 гола и да загубат во продолжетоци , додека во уште поклучен меч против Бафало дома , беа тотално надиграни и загубија 1:3 и им го дадоа 8мото место на Бафало.Сега им остануваат уште 5 средби во кои мора да одат на победа , друга опција немат , и да се надеваат на киксови на Бафало. Да бидат работите полоши се мачат со форма и со повреди , Бексторм ( клучен играч ) им е повреден уште од Јануар , додека на последните 4 средби во лигата забележаа 3 порази.
Очекувам тежок меч и победа на Бостон , мислам дека Овечкин не е доволно за да се бутне Бостон на колена. Очекувам доста нервоза и исклучувања од страна на Вашингтон , а Бостон е екипа која лесно може да го казни тоа.
тип : Бостон @ 1.90 влог : 3/10
NHL
New Jersey Devils - Tampa Bay Lightnings
На кратко тука , очекувам победа на Њу Џерси кој гледа да му ја земе 4-тата позиција на Бостон и да добие предност на домашен терен во плејофот , додека Тампа игра во лоша форма , има огромен број на клучни хокејари кои им се повредени и играт без мотив. Со огледна тоа дека одбраната на Тампа е една од најлошите во лигата и фактот дека оваа сезона играа 3 пати над 5,5 голови во сите 3 меѓусебни средби , одам со 2 типа.
тип : Њу Џерси 1 @ 1.80 влог : 4/10 ; над 5,5 @ 1.75 влог : 4/10
GL !!
No comments:
Post a Comment