Резиме на вчерашниот ден :
Шалке - Билбао FT 2:4 Шалке 1 @ 2.20 промашено : - 3 units сепак , cover bet-от излезе т1 2+ @ 2.15
Шарапова - Вожниачќи FT 2:1 Шарапова 1 @ 1.90 4/10 добитен : + 3,6 units
Фиш - Монако FT 0:2 Огромно разочарување од Фиш , катастрофална игра , Фиш -3,5 @ 2.10 3/10 промашено : - 3 units
Бостон - Вашингтон FT 2:2 , Бостон 1 @ 1.90 3/10 промашено : - 3 units
Њу Џерси - Тампа Тотално очекуван резултат FT 6:4 Њу Џерси 1 @ 1.80 4/10 добитен: +3,20 units , над 5,5 голови @ 1.75 4/10 добитен : + 3 units
Вкупен профит : 0,8 units :) минимален профит
Продолжуваме со преродбата :D
ATP Masters Miami
Nadal - Murray
1/2 финале и дуел помеѓу двојца тенисери кои се знаат меѓусебе многу добро со огледна тоа дека имат одиграно 19 меѓусебни дуели , од кои Надал има победено 13 , а Мареј 6.
Лани играа 5 пати , 4 победи на Надал , Мареј победи само во Токио.
Не ми се допаѓа многу формата на Мареј и на овој Мастерс имаше и по малце среќа , единствено Типсаревич му нанесе потешки проблеми и му зеде сет.
Надал од друга страна делува агресивно , мотивирано , игра добро , мада со Тсонга направи неколку нетипчни грешки и мораше до крај да игра нервозен и неизвесен меч каде Надал имаше среќа што Тсонга се изнапромашува.
Не го гледам Мареј ко голема опасност за Надал , коеф на понуда ми е солиден и одам со победа на Надал.
тип : Надал @ 1.70 влог : 4/10
Германија DEL хокеј лига , плеј оф натпревари
Mannheim - Hamburg
1/4 финале , Манхеим води во серијата со 3-1 и со победа овде ќе се пласира во 1/2 финалето.
Манхеим е поквалитетната екипа тука , без двојба. Во предходните 4 дуели , тотално го надиграа Хамбург во 3 од тие 4 меча , додека еден загубија малку несреќно. Манхаим победи со 4:0 дома и со 1:8 и 1:3 го гости во Хамбург , додека единствениот пораз во плејофот го претрпеа дома со 1:2.
Очекувам Хамбург да одигра очаен хокеј сооглед на тоа дека гонат победа за да ја спасат сезоната , но мислам дека офанзивата на Манхаим би ги дотолчила, мислам дека и опцијата над 5,5 голови е исто добар избор , имајте на ум дека Манхаим му даде 16 гола на Хамбург во 4 средби , а прими само 4.
Хамбург имаше само 8 победи од 26 гостински натпревари во регуларната сезона , додека Махнаим беше 5-та најдобра домашна екипа со 15 победи од 26 натпревари дома.
тип : Манхаим 1 @ 1.65 влог : 4/10
NHL
Buffalo Sabres - Pittsburgh Pеnguins
Крајот на регуларната сезона се ближи , а со тоа се згуснува борбата за плејоф позициите.
Бафало се наоѓа во многу тесна борба за 8-мата позиција со Вашингтон , моментално и двете екипи имат по 86 бода но Бафало има натпревар помалце. Бафало во победата над Вашингтон загубија клучен играч од дефанзивата поради повреда , па тоа може да им направи проблеми.
Моментално се наоѓаа во одлична серија од 16 победи ( 14 од нив во регуларно време) и 2 порази , а таа серија почна со победата на гостувањето во Питсбург со 6:2.
Питсбург од друга страна може да одмара и да се концентрира на плејофот , бидејќи се пласираа и моментално играт за да ја задржат втората позиција на Истокот ( нив ги гоне Филаделфија, 2 бода разлика ). Крозби се врати после долго отсуствопоради повреда ,Латенг ( најдобриот дефанзивец ) е сеуште повреден , а Питсбург врза 2 пораза дома и во гости со идентичен скор 5:3 од Исландерс , екипа која игра спојлер улога моментално бидејќи немаа шанси за плејоф. Тоа ми укажува дека Питсбург моментално одмара и повеќе мисли на плејофот отколку на завршницата на првенството.
Оваа сезона играа 3 пати , 2 победи на Бафало ( 3:2 и 6:2 ) и една за Пингвините со 8:2.
Мислам дека Бафало овде нема да загуби бодови па одам со двојна шанса на Бафало.
Тип : Бафало 1x @ 1.61 влог : 4/10
Франција 2-ра лига
Metz - Boulogne
Во втората футбалска лига на Франција повозбудлива е борбата за опстанок од онаа за промиција во првата лига.
Со оглед на тоа дека до крајот на првенството има уште 9 натпревари , екипите од 6-тата позицја ( Нант 41 бод ) па се до 19-тата позицја ( Булоњ 30 бода ) се во борба за опстанок. Огромен број на клубови.
Мец се пласирани на 18-тата позиција која носе релегација во Трета лига и победа овде е нешто што им многу треба , но тоа е проблемза Мец со оглед на тоа Мец нема победа цели 12 кола , од 16 Декември 2011.
Булоњ се веднаш под Мец со 30 бода и минатото коло победија прв пат после 20.12.2012 , беа 10 кола без победа.
Ќе ризикувам тука , али мислам дека Мец би ја прекинале таа долга серија денес со оглед на тоа дека Булоњ во гости е практички безопасен ( 1 победа во 10 наптревари и само 9 дадени гола ) , а и фактот дека Мец успеа да ги победи во гости на првиот меч оваа сезона со 1:0.
тип : Мец 1 @ 2.20 влог : 3/10
GL !!
No comments:
Post a Comment