Tuesday, October 25, 2011

Вторник 25.10.2011

Голем ден за WTA тенисот денес. Почнува финалниот турнир во Истамбул каде најдобрите 8 тенисерки за оваа година ќе одлучат кој ќе биде овогодишниот шампион.
8 тенисерки се поделени во 2 групи ( црвена и бела ) , од каде 2-те најдобро пласирани од секоја група ќе поминат во 1/2 финалето.

Моментално Вожниачќи и Шарапова се борат за првото место , додека другите тенисерки се борат  за пласман од 2-то до 8-то место. Вожниачќи има вкупно 7115 бодови собрано оваа сезона , додека Шарапова има 6370 бодови. Останатите тенисерки немаат ни математичка шанса за освојување на 1-то место, бидејќи 3-то пласирана со 5870 добови е Квитова што е премногу малце за достигнување на Вожниачќи. 

Денес на програмата се закажани 3 дуела :

16:00 Квитова - Ѕвонарева 
17:30 Вожниачќи - Радванска 
19:00 Шарапова -Штосур 

На прв поглед , сите дуели се тешки , нема големи фаворити. 
За денес мислам дека Вожниачќи ќе почне со победа и тоа победа во 2 сета , очекувам турболенции на мечот Квитова- Ѕвонарева , најверојатно овде ќе има 3 сета , бидејќи и двете тенисерки имаат доста квалитет , ко за пример Квитова има јак сервис , додека Ѕвонарева е брза ,подвижна и доста лукава.
Шарапова - Штосур изгледа како победа на Шарапова , всушност досега овие две се имат сретнато 9 пати , и Шарапова победила на сите 9 дуели. Меѓутоа Шарапова влече мала повреда на зглобот ,па не сум сигурен колку ќе влијае тоа врз нејзиниот перформанс денес. Штосур е доста добра на тврда подлога , оваа сезона го освои US OPEN против Серена Вилијамс, тоа кажува за нејзиниот квалитет.

Значи да издвојам , од дамите денес мислам дека Вожниачќи е најдобар избор и одам со 3 типа , сите сингл , на младата Данќиња која има H2H баланс против Радванска 4-1 , 4 победи во серија и веќе ја победи со 2:0 во полуфиналето на турнирот во Штутгарт оваа сезона :

Wozniacki -1,5  @  2.35    4/10   Oaza - 4 units
Wozniacki - 3,5 games @  1.90     7/10   Sportlife   +  6,3 units
Wozniacki  @  1.60   10/10  Sportlife  + 6 units 

GL !!
Вкупен профит : + 8,3 units

Понеизвесен натпревар во WTA немам гледано . И двете тенисерки беа и одлични и катастрофални на периоди. Пример Вожниачќи имаше 5:4 и 40:0 во 10тиот гејм од првиот сет , но Радванска го зеде со 7:5 . Во вториот сет Радванска имаше проблеми со рамото, и тоа и влијаеше , па го загуби сетот со 6:2 . Третиот сет беше срцев удар. Брејкови колку сакаш , грешки колку сакаш , брилијантни потези колку сакаш , ама Радванска загуби 6:4 на крајот.
И двете беа премногу нервозни , што е донекаде и прифатливо ако се земе фактот дека овој турнир носи многу,многу пари , пример само одигран натпревар без разлика на пораз или победа носи околу 100.000 долари. Додека шампионот зема милион и кусур.
Вожниачќи денес ме разочара , направи неколку потези што и аматерка од ITF дивизијата нема да ги направи , Радванска очигледно беше дека болката во рамото ја извади од колосек и тоа ја кошташе победа.







No comments:

Post a Comment