Sunday, October 16, 2011

Недела 16.10.2011

Вчера солиден ден , завршивме со профит , идеме и денеска со неколку типови :


Premier League

Newcastle- Totenham Hotspur     2.65  3.30  2.50

Дуел помежу две екипи кои почнаа солидно , мада Њукасл имаат подобар старт и сеуште се без пораз. Њукасл се пласирани на 4тата позиција , додека Тотенхем се снестени на 6-тата со еден натпревар помалку , само 3 бода ги делат овие 2 екипи.

Овде очекувам тврд дуел , бидејќи не верувам дека Њукасл би сакале да загубат и да им го дадат 4-тото место на Тотенхам , додека пак Тотенхам е поквалитетна екипа ( според ростерот ) и не верувам дека лесно ќе загуби од Њукасл.
Меѓусебе имаат огромна традиција , па ќе ги спомнам натпреварите од последните 2 сезони , каде што Тотенхам има 2 победи ( 1:0 и 2:0 ,двете дома ), една нерешена 1:1 ( Тотенхам се спаси со гол во 90') и една победа на Њукасл со 2:1 ( со гол во 90').
Како што се гледа во последните 2 сезони , овие 2 екипи играт тврдо меѓусебе.
И двете екипи се со 3 победи во серија во Премиер лигата.

Њукасл скоро и да немаат повредени или суспендирани , додека Тотенхам се со проблеми. За гостите нема да настапат : Sandro , Lennon , Kranjcar ,Corluka , Huddlestone , Dawson и Gallas. Неизвесни се Adebayor и Van Der Vart бидејќи и двојцата носат мали повреди , но најверојатно ќе настапат . Како и да е , не сум сигурен дека ќе можат да дадат 100% од себе.

Како што реков очекувам тврд дуел , најверојатно нерешенн резултат , претпоставувам 1:1 би било најфер.

0-2  @  1.95  6/10  Sportlife   - 6 units
X  @  3.30  3/10  Oaza   + 9,90 units 
1:1 точен резултат  @ 9.00  1/10   - 1 unit


FT  2:2 
вкупен профит :  + 2,90 units 

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Bundesliga

Koln  - Hannover   2.50  3.15  2.65

Дуел помеѓу две изедначени екипи , според традицијата. Досега имаат одиграно меѓусебе 42 пати и се со скор : 18 победи Хановер , 18 Келн , 6 нерешени.
И двете екипи играат променливо , така на пример Келн го понижи Леверкузен на гостински терен со 4:1 , а загуби дома од Нирнберг со 1:2 ( двата гола на Нирнберг беа постигнати од пенал ). Хановер има подобра форма од Нирнберг , малце подобар состав и нема пораз на последните 5 средби ( 3 во Бундеслигата , 2 во Европа лигата ) .

Бидејќи Хановер го чекаат 3 тешки недели во Бундеслигата и Европа лигата , тренерот Сломка призна дека планира да ја ротира екипа , плус имаат неколку футбалери со помали повреди , па се очекува овие клучни футбалери да бидат одмарани за поважни натпревари.
келн од друга страна го има Новакович како неизвесен, а тоа им е клучен напаѓач , па најверојатно ќе играт во Подолски во нападот и некој од резервите.

Инаку лани кога Хановер имаа шанси да избегаат пред Баерн Минхен во борбата за место во ЛШ, дојдоа на гости во Келн каде загубија со 4:0, и Баерн заврши во ЛШ , а Хановер во Европа Лигата, паова може да биде и ектра мотив за гостите.
Како и да е , и овде очекувам тврд и тешок дуел и мислам дека Келн може да земе 3 бода овде со победа од 1 гол разлика , најверојатно 1:0 или 2:1 , али ќе одам со 1:0.

0-2 @ 2.00   3/10  Sportlife  +  3 units 
Koln DNB @ 1.74    6/10  Sportlife   +  4,44 units 

FT  2:0  
вкупен профит : + 7,44 units 


GL!!

No comments:

Post a Comment