Friday, August 3, 2012

Петок 03.08.2012

Австрија Втора лига

А.Луштенау - Алтах
старт: 20:30 

Дерби на колото.Двете екипи се едни од фаворитите за влез во Бундеслигата и моментално А.Луштенау е со 2 победи на почетокот на сезоната без примен гол, додека Алтах во првото коло едвај победи на гости кај Хорн ( автогол и пенал ), а минатата недела загубија дома од Гродиг. Една од причините за лошата игра на Алтах е тоа што имаат огромни про
блеми со повреди, па моментално се без 6 првотимци,неколку од нив клучни во нападот. Вечер се очекува да имат проблеми кај Луштенау,посебно ако се знае дкеа ова е локално дерби.
Лани играа 4-ри пати меѓу себе, по една победа за двете екипи ( 4:1 за Луштенау , 0:5 за Алтах) и двапати одиграа нерешено со 1:1.
Очекувам победа на Луштенау и голови овде,традиционално Луштенау обично победува дома против Алтах ( 3 победи на последните 4 средби) и обично има голови кога игра меѓусебе, на последните 6 средби , 4 пати било 3+,како и последните 3 средби во Луштенау сите завршија со 3+.

Тип : А.Луштенау 1 @ 2.00 и 3+ @ 1.65

Од другите натпревари само ќе потсетам на минатонеделното пишување, пола екипи од лигата имат проблеми со финансии( ФК Луштенау,Виена,Капфенберг,Хартберг) и дел од нив комплетно си ги променија составите(Капфенберг,ФК Луштенау,Виена). Полтен е екипа со богат газда и оваа сезона целта им е пласман во Бундеслигата, па можеби може да се проба со нивна победа против Капфенберг. Гродиг влегоа во добра серија ,но коеф е мал за нивна победа против Хорн.Хартберг исто може да биде добар избор, Виена е во лоша состојба.





Ирска Премиер лига

Бохемианс Даблин - Бреј Вандерерс
старт: 20:45

Бохемианс полека влегоа во форма, на последните 4 меча немат пораз ,3 победи и 1 нерешена.Се искачија до 5-тата позиција и сега можат да ја нападнат третата позиција која води во Европа ( ралзиката е само 4 бода). Меѓутоа во четвртокот претрпеа тешок пораз и елиминација од Европа лигата од страна на Тор, екипа од Исланд која игра
 во Втората исландска лига,беа поразени во гости со 5:1. Толку стрелецот на тој меч , Скали , за денешниот дуел со Бреј е суспендиран и тој е единствениот кој ќеизостанува кај Бохемианс.

Бреј пак е во спротивна форма од Бохемианс, нема победа веќе 5 кола и реализацијата на гол шансите им е слаба, на 5 меча дадоа само 4 гола. За денес ги немат на располагање напаѓачите Ватерс ( 5 гола ) и Милрој ( 3 гола), двојца од петте играчи кои имаат постигнато гол за Бреј оваа сезона.

Традицијата е на страната на Бохемианс , кои немат пораз дома од Бреј веќе 3 години ( 3 победи и 2 нерешени) , формата е на страната на Бохемианс , кои немат примено гол на псоледните 3 домашни средби. Бохемианс е практички со фул ростер, после елиминацијата од Европа може да се концентрират само на домашното прввенство и да гонат излез во Европа за следната сезона, додека Бреј моментално се борат за опстанок и се со 6 бода предност пред УЦД кои го држат единсвеното место кое води во понизок ранг. Мислам дека Бохемианс ќе дадат се од себе да победат на овој меч , додека Бреј не им гори под нози и не осеќам преголем притисок,па мислам дека ќе одиграт поопуштено. Важно е да се каже дека имат слаба реализација и дека денес ќе им фалат двојца од петте стрелци на тимот.
Коеф не е лош за Бохемианс,па ќе пробам со 1.

Тип : Бохемианс 1 @ 1.85





Еден дабл , комбинација од втора лига Франција и Ирска Премиер лига:

Монако 2 @ 2.10 + Корк Сити 2 @ 1.95

За Монако кажав минатата недела оваа сеозна се број 1 фаворити се враќање во Првата лига, ги купи руски милијардер, доста се засилија ова лето и во првото коло го декласираа Тур со 4:0.
Лавал ова лето смени околу 60% од својот лански тим, не доведоа некои важни засилувања, во првото коло од
игра 1:1 со Шатеру.
Иако ова е public bet, мислам дека коеф треба да се искористи, бидејчи не верувам дека оваа година ќе гледаме многу високи коеф за Монако.

Корк се во серија од 11 натпревари без пораз,додека Дундалк се обратно , имат серија од 11 натпревари без победа. Формата е тотално различна на двата тима. Згора на се кај Дундалк ќе фалат важни футбалери од одбраната,додека Корк е со целосен состав.Коеф веќе падна од 2.20 на 1.85, кај нас сеуште го има со 1.95 и мислам дека вреди да се проба.

Вкупен коеф : 4,095

GL !!

No comments:

Post a Comment