Wednesday, August 1, 2012

Вторник 01.08.2012 Прв ден од Август , Олимпијада, ЛШ и Копа Либертадорес - Втор пост

Лига на Шампиони , трето квалификациско коло 

БАТЕ Борисов - Дебрецин 
Старт : 18:00 

БАТЕ добро ги знаеме од дуелот со Вардар, видовме дека не се некоја квалитетна екипа. Во меѓувреме направија 2 добри трансфери , го доведоа назад Александар Хлеб (31-година, најдобриот белоруски футбалер , екс-Барса и Арсенал ) и го доведоа Роман Васиљук ( 33-години, лани најдобриот стрелец во Белоруската лига 
), а во составот ги имаат и Мозолевски ( нивниот најдобар срелец) и Родионов ( нивниот втор напрецизен напаѓач) и Ренан. Моментално се лидери во белоруското првенство со 3 бода предност и еден напревар помалку од Шахтјор. Може да се каже дека имат солиден состав. За денес ќе им фалат неколку футбалери кои се со Олимписката репрезентација во Лондон. Од тие кои се во Лондон, Бага е важен за тимот, додека Филипенко ( стандарден дефанзивец ) е повреден.
Дебрецин , според мене , не е квалитетна екипа и не верувам дека ќе игра групна фаза во ЛШ. Ги гледав со Скендербеу во Корча , немаа ниту еден шут во голот ! А само среќата ги спаси да не примат уште 2-3 гола, бидејќи албанците напаѓаа во бранови, но не беа прецизни. Дома лесно ги средија со 3:0.
Сепак овој тим игра подобро дома отколку во гости. Имат само еден опасен футбалер , напаѓачот Кулибали, а Сидибе кој го донесоа пред месец дена од Бершот , покажа добра игра против Ѓор ( стрелец на 2 гола). Единствената опасност за голотна БАТЕ би требало да дојде од овие двојца напаѓачи,бидејќи како што видов , сите други седат во дефанзива.
Мислам дека ќе видеме наптревар со помалце од 3 гола, БАТЕ делуваат , на хартија , подобро , меѓутоа коеф за нивна победа не ми се допаѓа @ 1.80 , нема value во него, па одам со 0-2 гола @ 1.75

Тип : 0-2 @ 1.75

Шериф - Динамо Загреб
старт : 19:00

Двете екипи играа меѓусебе пред 2 години , двапати беше 1:1, но Шериф помина понатаму.
Шериф моментално игра у добра форма, 3 средби во домашното првенство , 3 победи со гол разлика 10:1. Меѓутоа на последните 2 натпревара победи со 1:0 и на двата меча , головите беа дадени од пенал. Нивниот тренер изјави дека креираат шанси, но тешко им оди реализацијата,а за денешниот меч најави дефанзивна тактика. Ова е најдобрата екипа од Молдавија која игра дисциплиниран футбал.
Динамо неми се допаѓа. Знаеме колку контраверзии се вртат околу нив и Мамич постојано, лани беа обвинети за местењена наптревари во групната фаза во ЛШ,каде завршија со 6 порази , 22 примени голови и тоа достигнување им донесе историја: Најлоша екипа во историјата на ЛШ. Минатото коло едвај се пласираа понатаму , давајќи гол во 97 минута,иако продолжението беше само 5 минути против Лудугорец.
Денес ќе им фалат неколку првотимци, за Молдавија тргнаа 18 футбалери ( 2 голмани) , па ќе ротираат и нема да имат ист состав ко против Лудугорец.

Претпоставувам дека нема да видеме многу голови овде, па ќе одам со 0-2 гола. Прво Шериф има проблеми до реализацијата,и не верувам дека може да прими 2-3 гола од Динамо бидејќи играт цврст,дисциплинирана одбрана, додека Динамо не му делува ко квалитетна екипа и екипа која заслужува да игра во ЛШ.

Тип : 0-2 @ 1.65





Хелсингборг за вечерашниот дуел со Сласк, ќе има двојца млади дефанзивци во составот, Садику( 21 година) и Уронен(18 години).
Ова е составот: Pär Hansson - Erik Wahlstedt, Loret Sadiku, Walid Atta, Jere Uronen - Mattias Lindström, Ardian Gashi, May Mahlangu, Christoffer Andersson - Thomas Sörum, Alfred Finnbogason.

Сласк од друга страна пак, има проблеми со креативноста на средниот ред и со ефик
асноста на напаѓачите. Вечер најверојатно ќе играт резервниот напаѓач,бидејќи првите 2 избора за напад не се целосно физички спремни и се во конфликт со менаџерот.
Најверојатно добар избор тука би бил 0-2 гола 1.65

Можните 11 за Партизан за мечот со АЕЛ: Stojkovic - Aksentijevic, Ostojic, Ivanov, Volkov - Lovre, S.Markovic - L.Markovic, Babovic, Tomic - S.Scepovic

АЕЛ Лимасол ова лето доведе доста футбалери од кои најзвучното име е португалецот Орландо Са (екс-Фулам,Брага). Покрај Са, тимот го засилија и Maykon, Paulo Sérgio, Christis Theophilou, Rui Miguel, Ebo Andoh и Michalis Konstantinou. Лани АЕЛ го имаа најдобриот дефанзивен скор од сите лиги во Европа !

Фенербахче ова лето го продадоа Емре Белозоглу во Ат.Мадрид , но ги доведоа : Кујт(Ливерпул), Коркмаз(Бешикташ), Топал(Валенсија), Калдрим(Каисери) и Соу( Лил), а се чека потпис и на Јобо(Евертон). Од сите само Соу нема да биде на располагање за дуелот со Васлуи.
Ова е најверојатниот состав за вечер :
Volkan
Gokhan-Bekir-Egemen-Hasan
Mehmet Topuz-Mehmet Topal-Cristian-Stoch
Alex
Kuyt

Васлуи ова лето продадоа 7 играчи од ланскиот состав меѓу кои беше и мозокот на тимот Весли. За вечерашното гостување ќе бидат без важниот напаѓач Темваџера. Најсилниот дел на Васлуи се крилните офанзивни играчи.




GL!!

No comments:

Post a Comment